Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и четврто издание.

Ghost Recon: Heroes Unleashed е hard core мод кој излезе по шестнаесет години работа. Модот е за првата Ghost Recon и ветува исклучително висока, односно реалистична тежина во еден од најдобрите воени и пукачки симулации. Повеќе за модот можете да дознаете од интервјуто се креаторот на moddb!

MechWarrior 5: Mercenaries се поднови со нов трејлер кој прикажува до кој стемен може да се уништуваат работи во играта. Студиото Piranha Games објаснува дека петката ќе се одликува со можности за деструкција на ниво кое е многу поголемо од која било нивна претходна игра. MechWarrior 5: Mercenaries излегува во декември.

Познатата продавница за дигитални игри, GOG, наскоро ќе добие кориснички профили и нови опции за приватност. На прашањето какви ќе бидат профилите, претставник од GOG се изјасни дека сакаат корисниците да ги искусат промените од прва рака, без да читаат PR објаснувања предвреме. Она што кажаа е дека профилите ќе се активираат многу, многу брзо.

Muffled Warfare е мрежна, пукачка игра во прво лице каде секој е слеп, или барем така тврди студиото. Играта ќе навлезе во ран пристап од 27.април, а според официјалниот опис, играчите ќе можат да се ориентираат преку еколокација, односно ќе добиваат престава за околината од звучните бранови кои се одбиваат од физичките препреки. Играта ќе има три мапи, осум оружја и еден мод.

Cities: Skylines ќе добие нова експанзија наредниот месец. Parklife ќе воведе зоолошки, кампови и ливади, нова алатка за создавање паркови, пет нови мапи, нови асети и бројни други додатоци. Проширувањето ќе се појави на 24.мај, по цена од 13 евра.

Valve го изгуби и последното право за жалба и мора да плати на судот во Австралија 2.4 милиони долари казна за прекршување на потрошувачките права. До 2014, Valve не ги враќаше парите на гејмерите кои беа незадоволни од купените игри, што директно се косеше со законите на Competition and Consumer комисијата во Австралија.

Darwin Project, уште една Battle Royale игра стана бесплатна за играње на Steam, со цел да се зголеми бројот на играчи и да се намали времето кое се троши за чекање да се започне со меч. Оние кои ја купиле играта ќе добијат предмети од козметичка и легендарна природа овој вторник.

Следната игра на Едмунд Мекмилен ќе се вика The Legend of Bum-bo и, според авторот, е замислена да биде како духовен претходник на популарната The Binding of Isaac. Токму поради тоа, сличностите во трејлерот се повеќе од очигледни, но само од естетска гледна точка. Во поглед на гејмплејот, ве очекува целосно друг систем во стилот на match3 игрите.

The Witcher серијата, за која ги доби правата Netflix ќе има само осум епизоди и најверојатно сите ќе излезат во 2020 година. Моментно е напишана само првата епизода, а за се останата уште се бараат соодветни креативни лица.

Малициозни Minecraft скинови го бришат хард дискот, беше пренесено до безбедносната фирма Аваст. Според нивните откритија над 50 000 акаунти биле инфицирани од штеточината, која се криела во одредени изгледи за ултра популарната игра. Mojang се свесни за проблемот и работат да ја искоренат ранливоста.

Serious Sam 4: Planet Badass се пофали со нов трејлер. Креативното студиот од Хрватска не откри ништо повеќе од ова, но вети многу вести на овогодишниот Е3. Таквата сиромаштија од вести се одгледа и во ново креираната Steam страна за играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии