Гејминг новости од минатата недела #73

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и трето издание.

Vampyr идната RPG игра на студиото зад Life is Strange, ќе може да се игра во сета графичка слава, само доколку имате Intel Core i7-3930K процесор, 16 GB RAM и GeForce GTX 970. Далеку од скромни барања, но оние кои се задоволни со осиромашена графика, ќе можат да се втурнат во цицање крв и со Intel Core i3-2130, 8 GB RAM и GeForce GTX 660. Vampyr излегува на 5.јуни, а ова е најновиот трејлер за приказната.

Hand of Fate 2 стана уште подобра со нов Endless мод и нови предизвици. Невообичаената RPG игра со гејмплеј кој се заснова на карти сега има квестови кои имаат неограничена игривост во новиот бесконечен режим на играње. Ова е третото, содржително надополнување за играта.

Иднината на Steam Spy е на стаклени нозе, благодарение на новите правила на Steam. Според правилата за приватноста сите игри и податоци поврзани за нив ќе бидат скриени од јавноста. Оние корисници кои сакаат податоците за нивните гејминг активности да бидат јавни, можат да го направат тоа, но Steam Spy не може да создаде правилна слика за тоа кои игри највеќе се купуваат и играат, нешто што беше од особена важност за бројните девелопери и издавачи.

EVE Online ќе добие спин-оф пукачка игра во прво лице. Project Nova ќе се појави во игрива форма во втората половина на 2018 година. За први добиете информации за долго-очекуваната игра кликнете тука!

EVE Online ќе добие и нова експанзија која ќе ги втурне играчите во смртоносни пресметки со предизвикувачка вонземна раса – the Triglavians. Екпанзијата се вика Into the Abyss и бесплатно напаѓа на 29.мај. Со експанзијата ќе се појават нови можности за тренирање вештини, како и бројни исправки и балансирања.

The Banner Saga 3 ќе излезе на 24.јули. Третата игра од повеќето екс-Bioware девелопери ќе го продолжи зацртаниот урнек со претходните две игри и ќе ве соочи со тешки ситуации и болни избори чии последици ќе ги трпите низ целата игра.

Star Wars: Battlefront 2 ќе се поднови со нов временско-чувствителен мод. Од 18.април, гејмерите ќе можат да станат дел од Ewok заседи. Можете да играте како Ewok или Stormtrooper, но доколку загинете како Stormtrooper наредниот пат ќе се појавите како Ewok. Со новиот режим се враќаат и можностите за купување crystals со вистински пари.

Се работи на нова BioShock игра од засега-тајно 2К студио, или барем така тврдат најновите гласини. Новата BioShock игра е во раните фази на развојот, а студиото се наоѓа во непостедна близина до претходната локација на несреќното срудио Hangar 13, студиото кое беше задолжено за Mafia III. Кен Лавин, креативниот директор на претходните BioShock игри си има друго студио и си работи на целосно други проекти.

Shenmue 1 и 2 ќе се појават за PC со подобрена графика. Оригиналните игри првенствено излегоа за Sega Dreamcast и тоа во 1999, односно 2001 година. Игрите ќе се одликуваат со соодветни поддршки за модерни резолуции, контроли и графички опции, како и надграден кориснички интерфејс и избор за јапонска или англиска гласовна поддршка. Сеуште не се знае нити цената нити датумот на излегување, но она што се знае е дека и Shenmue 3 ќе излезе за PC.

Otherworld, Terraria спи-оф е откажан. Студиото зад играта објасни дека морале да го прифатат фактот дека играта не може да го достигне замислениот потенцијал за планираното време и со планираните ресурсуи и дека за сите било подобро да се откаже проектот, а одредени идеи од играта да се употребат во некоја од идните игри на Re-Logic.

A Way Out се продаде во милион копии за само три недели, што е повеќе отколку издавачите ЕА мислеле дека е возможно. Од ЕА мислеле дека максимум милион копии би биле продадени во текот на целото постоење на играта, а не во само неполн месец од излегувањето на A Way Out.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии