Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и второ издание.

World of Warcraft: Battle for Azeroth излегува на 14.август. Седмата експанзија за ММО играта која полека, но сигурно навлегува во четиринаесеттата година на постоење ќе ви помогне да најдете нови сојузници и да се втурнете во интересни модови како Warfronts, Island Expeditions и многу повеќе.

На LawBreakers нити ќе се работи повеќе нити пак ќе премине во бесплатен-за-играње модел. Со оглед на тоа дека обично се наоѓаат околу пет играчи во кое било време, Boss Key студиото се изјасни дека ќе се посветат на друг проект, а нема да ја прават играта бесплатна за играње бидејќи за такво нешто требало многу време и ресурси.

Massive Entertainment, студиото најдобро познато зад The Division играта работи на нов battle royale наслов, или, барем, така се шепоти низ холот на гласините. Студиото е моментно зафатено со работа на The Division 2, како и нова Avatar игра.

The Elder Scrolls: Legends – Morrowind е излезена, по кратко одложување од недела дена. Експанзијата додава 149 нови карти во играта, нов Exalt елемент, три нови сетови од загатки и бројни награди при играњето.

Во случај да сметавте дека Vermintide 2 е претешка за вас, најновото надополнување ја намалува тежината и дозволува пофлексибилни можности за излегување на крај со навидум несопирливите орди од деформираните Skaven. Ова се однесува за првото ниво тежина, останатите две потешки нивоа и понатаму кријат доволен предизвик (и награди) за заинтересираните.

Conan Exiles ќе излезе од раниот пристап на 8.мај, заедно со два нови региони и огромни инвазии со NPC ликови. Низ времето, скоро сите гејмплеј механики се надградени и пружаат задоволително искуство кое влече инспирација од бројни други игри. Funcom се изјаснија дека доаѓаат до точката кога навистина се задоволни со нивното чедо, но и дека таквото нешто значи дека цената на играта ќе треба да скокне на 40 долари.

BlizzCon 2018 ќе стапи на сила на 2-3 ноември во Anaheim Convention Center, изјави Blizzard. Продажбата на билетите ќе започне во мај, по цена од 200 долари. Посетителите ќе можат да се радуваат на огромни панели и прикази, со интересни сесии, натпревари, косплеј, како и екслузивен плен и облека, но и спортски настани.

State of Decay 2 и најновиот трејлер за играта покажуваат на какви се начини можете да убиете зомби чудовишта. Долго-очекуваната игра ќе ги отвори портите на трите огромни мапи на 22.мај, но само преку Windows Store продавницата.

Deckard Cain ќе се приклучи на линијата од херои во MOBA-инспирираната Heroes of the Storm. Cain ќе биде одличен лик за лечење, сотрување на способностите на хероите како и успивање со бројни приказни од Diablo. Ликот би требало да се појави овој месец.

The Forest ќе излезе од раниот пристап на 30.април, по четири години развивање. Целосната верзија ќе се одликува со поддршка за контролер, нови згради и бројни исправки, како и зголемување на цената од 15 на 20 долари.

Final Fantasy 15 ќе добие четири нови епизоди, како и алтернативен крај за играта, изјавија од Square Enix. Едната епизода се фокусира на Ardyn, другата на Luna, третата за Starscourge, а четвртата на последната битка и алтернативниот крај. Се очекува сите додатоци да излезат до првата половина од наредната година. Поддршката за Steam Workshop се очекува летово.

Sam Fisher се приклучи на Ghost Recon Wildlands за време на посебен настан кој е дел од Special Operation 1. Вашиот тим треба да се вклучи на мисијата на Фишер и да му помогне да се вратат украдените материјали од Langley. Новата PvE мисија можете да ја играте сами или со уште тројца пријатели. Уникатните награди се нудат само до 16.мај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии