Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и прво издание.

Растргнати помеѓу желбата за првоаприлска шега и велигденско наградување решивме да одиме со најдоброто од двата света. Се што треба е да ја идентификувате лажната вест од овој гејминг извештај. Потоа, пронајдете го овој пост на Facebook и кажете ни во коментарите која вест не е вистинита и по случаен избор ќе добиете некоја од следниве игри:

Пакет игри: Shogun: Total War Collection, Medieval II: Total War Collection, Viking: Battle for Asgard, Total War: ARENA Beta Access Key

Ravensword: Shadowlands

Beatbuddy: Tale of the Guardians

Skulls of the Shogun

Deponia

Men of War: Assault Squad

PUBG го прославија нивниот прв роденден со бесплатен нов изглед за оружје, Year One—SCAR-L го дави едно од најпопуларните оружја во црно-жолта боја и провокативен натпис, Winner, Winner, Chicken Dinner. Во меѓувреме, студиото се изјасни дека размислуваат за сервери базирани на региони, а и воведоа нов систем за оружја и кутии за плен.

Valve ги смени правилата за трговија во играта CS:GO. Според најновата одлука, сите работи што ќе ги добиете на овој начин ќе бидат привремено „замрзнати“ и нема да може да ги користите за тргување недела дена. Ваквото нешто се имплементира поради желбата на Valve да се спречи злоупотреба на системот преку надворешни сервиси. Гејмерите се видно разбеснети и исфрлија петиција барајќи да се врати стариот начин на тргување. Моментно, петицијата има соберено над 100 000 потписи.

Pillars of Eternity 2: Deadfire излегува во мај и ќе ни дозволи да бидеме пирати со, меѓудругото, напредни можности за уредување на ликот и бродот. Според најновиот гејмплеј приказ, ликовите од оригиналната игра ќе можете да ги префрлите во Deadfire или пак да создадете целосно нови преку напредниот систем за повеќе класи. На слични богати опции ќе наидете и при уредување на вашиот брод.

Првото надополнување за Sea of Thieves беше 20GB големо и ги принуди гејмерите одново да ја преземат играта. Тоа што е големо надополнувањето не значи дека е полно со нови содржини, туку само со нови исправки на багови и оптимизација на системот, но авторите не сакале да губат време со осмислување помала закрпа, па решија да го губат времето на гејмерите со одново преземање на целиот клиент.

GTA Online понуди на гејмерите два нови автомобила, двојно помала цена за Fort Zancudo хангарот и двојно повеќе GTA$ од Special Cargo продажбите.

Dragon Quest 11 е официјално потврдена за PC Echoes of an Elusive Age ќе излезе на 4.септември 2018 година, со нови функции кои се специфични за PC платформата и со јазична локализација на англиски. Корисничкото мени е целосно преработено, како и движењето на ликовите и камерата. Draconian Quest ќе биде новиот, ултра тежок режим на играње.

No Man’s Sky NEXT ќе биде, според студиото, најголемото бесплатно надополнување за играта, а ќе излезе летово за PS4, PC, Xbox и WeGame. Низ годините, тимот исфрли бројни големи надополнувања, се со цел да ја подобрат играта која вети многу, а испорача малку. No Man’s Sky NEXT е „важен чекор за патувањето на играта“, патување кое, според тимот е далеку од завршено. Моментно, не се знае што да се очекува од надополнувањето.

Red Faction: Guerrilla ќе добие надградена верзија. Наречена Re-Mars-tered едиција, новата верзија ќе се одликува со подобра графика, осветлување, ефекти и поддршка за 4К резолуции. Guerrilla излезе во 2009 година и на времето беше фалена како игра во која можете да уништите скоро се на планетата Марс.

Mutant Year Zero: Road to Eden се истакнува како интересен хибрид со елементи од XCOМ, Fallout и Looney Toones. Во случај да сметате дека ова би можело да биде добитна комбинација, погледнете го следниот демо приказ од 30 минути.

Half-Life 3 би можела да излезе побрзо отколку што би очекувале. Со претходниот извештај ви кажавме дека Valve се исклучително љубоморни на Nintendo и повторно планираат да се вратат на правење и издавање игри. Тие објаснија дека по излегување на нивната игра со карти, планирани се уште неколку такви игри. Вчера се дозна дека една од тие игри е всушност третата епизода за Half Life 2, а во првата половина на 2019 ќе следи долго очекуваната трета игра. Повеќе информации можете да најдете на официјалната Steam страна каде, во чест на најаваta, се организира 24-часовна распродажба на игри. Доколку предвреме ја нарачате третата епизода, ќе ви се подари една игра од вашата wishlist-a.

Jurassic World Evolution ќе излезе на 12.јуни 2018 година. Веста беше потврдена неделава, а се ветија и повеќе острови, секој од нив со различни предизвици и диносауруси.

God Eater 3, играта која црпе инспирација од Monster Hunter, се потврди за PC. Тројката успеја да се истакне како една од најдобрите RPG награди во 2018 година за конзолите, а сега е редот и за PC платформата. Bandai не се изјасни кога би можеле да ја очекуваме играта.

Dying Light се прошири со четвртиот бесплатен пакет за играта. Се работи за нов режим кој се вика Prison Heist а втурнува играчи во затвор каде времето е ограничено, а потребата да се пронајде собата со оружја е огромна.

The Walking Dead играта на Telltale ќе ја исфрли последната сезона со симпатичната Клем во втората половина на 2018 година. Повеќе информации се очекуваат на 6.април за време на PAX East.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии