Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесетто издание.

Минатата недела се одбележа излегувањето на Sea of Thieves, како и брзањето на Nvidia да исфрли соодветни драјвери за подобра оптимизација на играта. Понатамошни оптимизации се направени за игрите Кingdom Come: Deliverance, War Thunder, Black Desert Online, Metal Gear Survive и Fortnite така да, доколку сте фан на некоја од игриве дефинитивно преземете ги најновите драјвери за подобро искуство.

Vivendi официјално крена раце од нивната мисија да пробаат да ги купат француските издавачи Ubisoft. Vivendi изјави дека акциите ќе ги продаваат, а нема да купуваат нови во наредните пет години. Кинескиот гигант Tencent ја искористи приликата да купи 5.6 милиони акции.

Call of Duty: Modern Warfare 2 ќе има remaster едиција. Доколку може да се верува на најновите гласини, таквата едиција би можела да се појави во втората половина на 2018. Овој римастер, меѓутоа,  ќе се продава за 20 евра, но нема да има мултиплеер. Во меѓувреме, дали знаевте дека се најави работата на Black Ops 4?

Tomb Raider ремастерите, за кои ве известивме неодамна, нема да ја здогледаат светлината на денот. Според најновите вести, студиото задолжено за нив не побарало дозвола за таквото нешто од издавачот Square Enix. Издавачите се свесни за тоа дека треба да се понуди квалитетно и впечатливо искуство на фановите на серијалот, но по правилни канали.

Strangeland се прикажа како нова point-and-click авантура од студиото кое беше задолжено за Primordia. Wormwood Studios најави дека нивната нова игра не е духовен наследник на Primordia, но забележителни се одредени сличности, како во визуелниот стил така и во приказната. Во случај да се мислите дали е ова, за вас, Primordia има бесплатно демо.

Fortnite Battle Royale била развиена за само два месеци и првенствено не била планирана да е бесплатна за играње. Вестиве се открија за време на GDC панелот од минатата недела. Ваквото нешто се случило толку брзо затоа што тимот веќе има солидни темели на што можел да го заснова модот, а тоа е основната игра која се развива уште од 2011 година.

Space Hulk: Deathwing Enhanced Edition ќе се појави во мај и ќе биде бесплатна за сите сопственици на претходната верзија. Надградената верзија ќе има нов систем за напредување, со пофлексибилно отклучување на класите, опремата и оружјата, како и нова класа за поддршка. Покрај ова, ќе бидат понудени и нови оружја, нови непријатели и специјални мисии.

Warhammer: Vermintide 2 се покажа како огромен успех и собра повеќе пари за првите две недели отколку првата игра за целокупното време од нејзиното целокупно постоење. Според студиото, успехот на продолжетокот на оваа co-op hack-and-slash игра се должи на бројната подршка и неуморната посвета на првата игра.

ЕА дефинитивно работи на Star Wars игра во отворен свет и со онлајн компоненти. Ваквото нешто беше откриено преку оглас за работа за студиото во Ванкувер. Се претпоставува дека оваа е надградба на која работеше несреќниот Visceral.

Steins;Gate, една од најдобрите визуелни новели ќе добие надградена верзија за PC. Меѓудругото, се очекува играта да има надградена графика и подобра поддршка за модерните системи. Од истото студио се најави работата на Zanki Zero: Last Beginning.

Bad Blood е battle royale режим на играње за феноменалната Dying Light. Оние кои се заинтересирани за тоа како би можело таквото нешто да изгледа би можеле да се консултираат со првиот демо приказ. Bad Blood ќе излезе годинава!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии