Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесет и деветто издание.

Минатата недела светот се збогува со брилијантниот Стивен Хокинг. Легендарниот физичар и космолог Стивен Хокинг почина на 76 години. StarTalk ја објави епизодата со Стивен Хокинг на YouTube, а гејмерите во ММО играта EVE Online ја осветлија галаксијата со светилници (cynosural beacons).

Dota Plus е нова претплатничка програма која за 4 долари месечно им дава на Dota 2 играчите пакет од алатки и награди. Моделот со претплата всушност е надградба на Battle пропусницата. Оние кои ќе направат финансиска посвета не месечно ниво, ќе добијат стотици нови предизвици, комплексни надградби на хероите, како и нова валута за отклучување награди. Дополнително, претплатниците добиваат бесплатен пристап до Battle Cup турнитите, како и Plus асистент, кој ќе ве советува што да правите за најефикасна оптимизација на вашите херои. Death Summary, пак, ви дава детален увид за вашите активности за време на мечот.

Assassin’s Creed Origins The Curse of the Pharaohs DLC се поднови со трејлерот кој го означи излегувањето на додатокот. Низ нова приказна ве очекуваат поголеми предизвици. Нивото на Bayek е зголемено на 55, а спектарот од способности е проширен за седум. На располагање имате и нова облека, опрема и ретки, односно легендарни оружја.

Star Wars: Battlefront 2 ја враќа премиум валутата која се купува за вистински пари, но целосно го менува новиот систем за напредување. Сега, нема да наоѓате Star Cards и работи кои влијаат на гејмплејот во кутиите за плен, ниту пак ќе можете да купувате кутии со плен со премиум валутата. Она што ќе можете да купувате за вистински пари ќе бидат нови изгледи. Новото надополнување стапува на сила од 21.март.

Пред некое време се израдувавме дека Fallout 3 се префрла во Fallout 4 енџинот, но таквото нешто беше спречено од адвокатите на Bethesda кои им испратија судска забрана за понатамошна работа на модот на модерскиот тим. На Fallout 4: New Vegas, меѓутоа, и понатаму се работи затоа што тој тим оди со значително поголеми промени кои не кршат одредени права на Bethesda.

Pillars of Eternity 2: Deadfire е одложена. Хитот на Obsidian требаше да излезе на 3.април, но студиото реши да посвети на играта повеќе време, како би можеле да исфрлат достоен наслов за нивното име. Поради тоа, играта излегува на 8.мај.

Студиото зад откачената Goat Simulator најави дека работат на мистериозен проект кој, сега-за-сега, го нарекуваат Satisfactory. Coffee Stain Studios објасни дека е време да се посветат на изработка на исклучително достојна игра, нешто што не беше случајот со нивната претходна игра.

Ghost of a Tale, акциона RPG игра со глувче излезе минатата недела. Акцентот е на прикрадување, маскирање, разговори и бројни квестови низ дваесет часовна приказна. Играта е резултат на Indiegogo кампања од 2013 година.

The Sea of Thieves го исфрли launch трејлерот за играта која ветува нов живот во пиратскиот жанр. The Sea of Thieves излегува на 20.март, заедно со уште 30 други игри во месецот март.

The Crew 2 излегува на 29.јуни. Сите оние кои сакаат да ја проверат бетата на оваа тркачка игра во отворен свет, можат да го направат тоа тука. Инаку, се дозна и дека The Crew 2 Motor Edition ќе се испорачува со златната едицијана играта, но и со регистарска табличка, како и мапа од светот во играта, а ќе чини само 10 долари повеќе од дигиталната верзија на златната едиција.

Myst повторно живее благодарејќи на нивната 25 годишнина. Студиото Cyan планира на исфрли надградени верзии за сите пет Myst игри и тоа до крајот на оваа година. 25 годишнината е во септември и претпоставуваме дека таквото нешто би можело да се случи тогаш. Што се однесува до природата на надградбата, студиото најверојатно планира подобра оптимизација за модерните конфигурации и, можеби, 4К поддршка.

Tropico 6 се поднови со нов трејлер кој прикажува одредени гејмплеј елементи.

Scavengers се прикажа како амбициозен survival шутер со повеќе играчи и како духовен наследник на Halo 5 Warzone.

MechWarrior 5: Mercenaries проба да ги израдува фановите со епски битки со огромни роботи.

RICO, пак, ни остави впечаток дека е плукнат F.E.A.R., што е одлична вест за сите фанови на ко-оп шутери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии