Гејминг новости од минатата недела #68

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесет и осмо издание.

Blizzard слави 20 години постоење на Starcraft преку најразлични логин награди во сите нивни игри. Доколку се логирате во која било игра на Blizzard, како Starcraft II, Diablo III или WoW, ќе добиете неколку награди од козметичка природа. Сите оние, пак, кои ќе гледат Starcraft поврзани стримови на Twitch ќе можат да отклучат најразлични командири, најавувачи и слично.

Grim Dawn, феноменалниот духовен наследник на Titan Quest и одлична алтернатива на Diablo III ќе добие нова експанзија. Forgotten Gods ќе се појави годинава, а ќе донесе нова приказна, територија, способности и многу повеќе.

H1Z1 стана бесплатна за играње, и тоа само недела дена по излегување од раниот пристап на Steam. Сите оние, меѓутоа, кои ја имаат купено играта, нема да останат со празни раце и ќе добијат H1Z1 Appreciation Pack, односно сет од облека, 10 Victory Crates и 10,000 Skulls за трошење.

Ubisoft официјално потврди дека се работи на The Division 2. Двојката ќе биде резултат на работата на многу студија и Massive Entertainment тесно соработува со Ubisoft Annecy, Ubisoft Shanghai и Ubisoft Buchares за да ја прошири добитната формула и да понуди подобар ММО свет од кога било.

Call of Duty: Black Ops 4 исто така беше официјално најавена минатата недела. Од Activision објаснија само дека играта е развивана од Treyarch и дека ќе излезе на 12.октомври, но повеќе од ова не сакаа да прокоментираа. Повеќе податоци се очекуваат на специјализираниот настан за заедницата на 17.мај.

Prey би можел да добие експанзија која ќе ги одведе играчите на месечината. Студиото Arkane Studios го искористи нивниот Twitter акаунт да задева со најразлични информации и фотограгија која би можеле да насочи кон фактот дека се работи на експанзија.

Final Fantasy XV има мод кој значително ги подобрува перформансите, времето на вчитување и многу повеќе. Модот доаѓа од талентираниот Kaldaien, истото лице кое значително ги подобри перформансите во Nier: Automata преку еден друг мод. Во случај да имате одредени проблеми со играта, можеби не е лошо да му пружите шанса на модот.

Гејб Њуел се изјасни дека повторно се враќаат на правење игри и дека покрај нивната игра со карти, Artifact работат на неколку други игри кои ќе ги откријат подоцна.

Cities: Skylines слави три години постоење. Paradox Interactive признаа дека играта се има продадено во 5 милиони копии и дека таквата пресвртница планираат да ја одбележат така што ќе им поклонат на играчите бесплатно DLC. The Surviving Mars DLC  e и во чест на истоимената игра која планира да излезе на 15.март, а им нуди на сопствениците на Cities: Skylines нова радио станица и зграда.

Origin Access сервисот на EA го прошири каталогот од игри на други издавачки куќи и претплатниците сега можат да ги играат и игрите на издавачот Warner Bros. Моментно, можат да се играат првите три Batman игри, како и игрите од Lego Batman. ЕА планира да им овозможи на претплатниците и пристап до The Witness, Bulletstorm и Wasteland 2.

Дру Карпушин повторно си замина од Bioware. Талентираниот писател, најдобро познат по работата на првите две Mass Effect игри, како и работата на The Old Republic неколку пати им се приклучуваше на Bioware и водеше клучна улога во приказната, но сега повторно решил дека сака да се посвети на некои други проекти.

Neverwinter Nights: Enhanced Edition ќе излезе на 27.март. Римастерот се работи од Beamdog, а сите оние кои предвреме го купат ќе можат веднаш да почнат со играње на раните верзии. Финалната надградена верзија, меѓутоа,ќе понуди 4к резолуции, поширок спектар од графички можности и проширени гејмплен механики.Enhanced Edition е основната игра заедно со двете последователни експанзии.

1 коментар на “Гејминг новости од минатата недела #68

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии