Гејминг новости од минатата недела #67

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесет и седмо издание.

Defiance 2050 ќе биде старата, добра игра, но со подобрени визуелни елементи и надградени гејмплеј механики. Тимот Trion ветува дека „римастерот“ е замислен да ги задоволи потребите на играчите кои се дружеа со оригиналната Defiance. Целта е да се понуди проширена приказна во свет со подобрени текстури, повисоки резолуции и подобра графичка оптимизација. Defiance 2050 излегува на лето, а во меѓувреме, тимот бара доброволци за бета програмата на играта.

Final Fantasy 15 веќе е кракната за PC! Играта сеуште не е излезена, а кинеската кракерска група 3DM успеја да го извлече .exe фајлот од демото и да го вметне во целосната верзија која беше извлечена од Origin клиентот. Во моментот кога групата успеја да го направи тоа, процесот на дистрибуција беше повеќе од едноставен. Инаку, за Final Fantasy 15 се планираат четири епизоди во форма на DLC додатоци.

Vermintide 2 излезе и се чини дека е се што беше првата игра, и многу повеќе. Двојката ужива над 91% позитивни рецензии на Steam, a гејмерите побрзаа уште еднаш да ја споредат со култниот Left4Dead серијал и ги пофалат уникатните гејмплеј механики за заедничко играње и вештачката интелигенција. Vermintide 2 подржува модови, а и воведе supers во стилот на Overwatch.

Наредната Battlefield игра ќе биде сместена во Втората Светска Војна. Издавачот потврди дека ќе има нова BF игра годинава, но не и за временскиот период во кој би можела да биде сместена. Според бројни гласини, меѓутоа, играта ќе се вика Battlefield V и ќе има кутии со плен, но од козметичка природа.

Euro Truck Simulator 2 е една од ретките квалитетни игри кои неуморно се прошируваат низ годините со содржителни додатоци. Наредната експанзија ќе им овозможи на љубителите на транспорт симилации да печалат пари пренесувајќи добра во Балтичките држави, како Латвија, Литванија и Естонија, делови од јужна Финска и дел од западна Русија, вклучувајќи го и Питерсбург.

The Division навлегува во втората година од нејзиното постоење и таквото нешто го одбележува со глобални настани и награди преку Twitch. Преку глобалните настани, играчите ќе можат да искусат одредени промени на традиционалните гејмплеј механики, а и ќе добијат награди во форма на корисна опрама. Првиот таков настан се вика Outbreak, започнува од 5.март.  Во Outbreak, секојпат кога ќе се приближите на непријателите, губите здравје. Ваквите настани обично ќе трајат недела дена и за месецот март се предвидени четири. Ако гледате стримови од играва преку Twitch исто така ќе добивате корисни награди.

Q.U.B.E. 2 се подготвува да излезе на 13.март. Најновиот трејлер покажува зошто треба да сте возбидени за загатки и приказна од ваков калибар.

Yakuza 6 беше по грешка достапна до играчите. Sega планираше да овозможи демо за играта преку PlayStation Store, но на повеќето играчи не им беа наметнати какви било ограничувања и истите можеа да ја играат целата игра. Sega побрза да го одстрани таквото демо од продавницата и да го замени со соодветно демо. Yakuza 6 е предвидена на излезе на 17.април.

Guild Wars 2 исфрли трејлер за нивната најнова епизода од четвртата сезона. Трејлерот ветува продолжување на приказната од претходната епизода на нова мапа, но нова mastery способност и можност за ново легендарно оружје. Епизодата стапува на сила од 6.март и е бесплатна за сите оние кои ќе се логирааат во играта пред излегување на третата епизода.

Тоа беа нашите омилени вести од неделата, но, доколку имате уште малку време, дефинитивно запознајте се и со следниве членови на семејствоот Сид!

+

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии