Гејминг новости од минатата недела #60

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, шеесетто издание.

За време на конференција за печатот со Норвешкиот премиер, претседателот Доналд Трамп се пофали дека им испорачале на Норвешка US F-52 борбени авиони, авиони кои само постојат во Call of Duty: Advanced Warfare универзумот, а не и во вистинскиот. Се претпоставува дека за време на читањето на претходно-подготвената изјава, претседателот едноставно се збунил, затоа што веднаш по таа реченица следи дека бројката на испорачани авиони е 52.

Civilization 6: Rise and Fall ќе ја воведе и Грузија како цивилизација, предводена од владетелката Тамар. Уникатната способност на Грузија е Strength in Unity, каде добивате дополнителен бонус со преминот во златното доба. Уникатната зграда, пак, е тврдината Tsikhe и нејзините импозантни ѕидини ќе допринесуваат до зголемена верба. Прочитајте и за останатите цивилизации и владетели преку нашиот извештај!

Минатата недела се најави излегувањето на римастерот за PC верзијата на првата Dark Souls игра. Играта ќе излезе на 25.мај и ќе понуди подобра графика, бројни технички и гејмплеј исправки, нешто што со моментната верзија е изводливо преку дополнителни модификации на играта. Римастерот на Bandai Namco нема нити да е бесплатен нити пак да се продава со попуст на сопствениците на оригиналната игра. Од студиото се изјаснија дека цената е иста за сите.

Mount & Blade 2: Bannerlord зборуваше за нивната најнова фракција. Aserai е заснована на племиња кои просперирале во седмиот и осмиот век преку меѓусебна соработка со останатите помали фракции. Сеуште не се знае кога Mount & Blade 2: Bannerlord ќе излезе.

Death Trash се чини како исклучително невообичаена RPG игра каде акцентот е на сувопарно насилство во уникатен пост-апокалиптичен свет. Девелоперот зад играта објаснува дека црпел инспирација од игрите како Planescape: Torment и Ultima 7, но ветува дека во неговата игра ќе имате многу поголем избор и сите NPC ликови можат да бидат убиени.

Lordbound се прикажа како огромна експанзија за Skyrim, но во форма на мод. Тимот планира на воведе дополнителни 30 часа со нови авантури, зандани и целосно нов регион во играта. Најновиот трејлер покажува дел од новите околини. Lordbound се очекува некогаш во 2018 година.


Subnautica, симпатичната симулација за „живот“ под вода е во ран пристап веќе три години, но наделава студиото зад играта призна дека нивното чедо е конечно спремно да порасне и да исплива на површината како целосна игра. Од 23.јануари, Subnautica ќе се поднови со нов филмски трејлер и ќе излезе од раниот пристап.

Со најновото развојно видео, Epic ги прикажа промените во Battle Royale делот од нивната Fortnite игра. Таканаречената Fortnite Battle Royale map надградба е првенствено замислена да ги појасно дефинира биомите, а и ќе воведе неколку интересни точки на интерес за да се зголеми разноликоста низ мапата.


Monster Hunter: World нема да има кутии со плен, или, барем така тврди продуцентот на играта. Според него, лесно здобивање со опрема би можело да го загрози функционирањето на ловечкиот тим, а целта е да се фокусирате на тактики и вештини, а не на непотребен грајнд за најдобрата опрема. Но, продавница за микро трансакции ќе има и ќе се продаваат работи од козметичка природа.

Celeste, акциониот платформер од мајсторите зад Towerfall Ascension дефинитивно ќе излезе на 25 јануари. Најновото деветминутно видео дава интересен увид за тоа што би можеле да очекувате од почетокот на преубавата игра.

За крај, студиото зад Life is Strange најави видео серијал за нивната најнова RPG игра, Vampyr. Темите од мрачната игра ќе бидат предвремено истражувани преку Dontnod presents Vampyr видео серијалот кој ќе се состои од четири епизоди со времетраење од по пет минути. Низ видеата, девелоперите ќе откриваат нови гејмплеј механики, а и ќе зборуваат за креативниот процес. Episode I: Making Monsters ќе излезе на 18.јануари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии