Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и деветто издание.

Со оглед на тоа дека ова е нашиот последен извештај во 2017 година, IT.mk наградува седум читатели со една од следниве седум игри:

Betrayer – Акциона-авантура во прво лице со уникатен графички стил која доаѓа од луѓето кои работеле за Monolith Productions (F.E.A.R. серијалот)

One Finger Death Punch – Со оваа игра никогаш повеќе нема да почувствувате потреба за Red Bull!

Tomb Raider: Legend – Навлезете во епска авантура со една од најубавите гејминг хероини!

Bejeweled™ 3 – Најдоброто издание на една од најпопуларните match игри

Sid Meier’s Ace Patrol – Освојте го небото над Европа!

Luxor 2 HD – уште еден лексилиум во дигитална форма

Zombie Bowl-o-Rama – куглање на зомби начин

За да станете потенцијален добитник, сè што треба да направите е да го пронајдете овој пост на нашата Facebook страна и да оставите коментар за тоа која е вашата игра на годината. Најсреќните читатели ќе ги одбереме и наградиме по случаен избор и истите ќе добијат бесплатни клучеви за игрите! Изборот ќе биде направен во 21.00 ч. во текот на утрешниот ден.

Ако по нешто остане запаметена неделата пред католичкиот Божиќ, тоа се бројните распродажби на игри кои палеа и жареа на сите страни и им овозможија на гејмерите длабоки попусти до 95%. Па така, оние кои сакаат да го прошират нивниот арсенал од игри би можеле да се подноват од неколку дигитални фронтови, почнувајќи со Steam, движејќи се преку GreenManGaming, Origin и GamersGate, па завршувајќи некаде со GOG. За најдобар увид во продажбите ви препорачуваме употреба на сајтови како CheapShark и Steam Sales.

Darksiders 3 се поднови со нов трејлер кој прикажува бројни гејмплеј механики и имресивни способности со уникатниот камшик. Играта би требало да излезе во 2018 година и да се надоврзе на случките од претходните игри во еден нов, релативно отворен свет.

Star Trek: Bridge Crew од сега може да се игра и без VR сет. Со оглед на тоа дека VR потребата не се развива со очекуваното темпо, од Ubisoft решија да и дадат втор живот на оваа симулација со повеќе играчи така што ќе ја отстранат VR ексклузивноста и ќе воведат надградена поддршка за Windows Mixed Reality.

Австралискиот суд уште еднаш потврди дека Valve го кршел законот со тоа што не нудел соодветни услови за враќање на купените игри. Поради тоа, одлуката да се платат 2.3 милиони долари останува, а жалбата на гигантот кој стои за платформата Steam е одбиена.

World of Tanks ќе добие нов графички енџин и мапи во надополнувањето 1.0. Веќе од март, студиото Wargaming ќе им овозможи на специјалистите на тенкови напреден CORE енџин, со над 25 редизајнирани мапи кои ќе бидат во склоп со најновите, модерни стандарди. За подобра имерзивност, студиото ги има позајмено талентите и на над 40 музичари.

Need for Speed Payback воведе нови автомобили и настани преку нивното бесплатно Speedcross надополнување. Новиот Speedcross мод им дозволува играчите да се втурнат во 16 нови настани, низ четири зони како Canyon, Construction, Ember Valley и Airfield.

The Culling, играта која помогна да се револуционизира Battle Royale жанрот нема да добива идни надградби затоа што студиото зад играта ја фокусира сета енергија на друг проект. Интересот за играта е значително намален и според извештаите, само петнаесетина луѓе ја играат во кое било време.

Call of Duty: WW2 ги откри деталите за првото DLC. Насловено како The Resistance, додатокот ќе донесе три нови мапи за мрежно препукување, нов War мод и ново поглавје во Nazi Zombies делот од играта. Новите мапи се Anthropoid, Occupation и Valkyrie, War модот им дозволува на играчите да спасуваат членови од отпорот кои се во воз, а The Darkest Shore ве сместува на остров преполн со не мртвите. Call of Duty: WW2 The Resistance DLC би требало да излезе на крајот на јануари или почетокот на февруари.

Одејќи со уште позабрзано темпо, би ве известиле и дека во најновата RPG игра на Obsidian нема да има никакви микро трансакции. Ветувањето беше дадено откако се дозна дека Take-Two вмешува прсти во проектот. Од друга страна, Dying Light го лансира вториот пакет од бесплатни содржини и им понуди на гејмерите silencer. За Riot се шушка дека работи на нова игра која се вика Teemo’s Adventure, а студиото зад The Division алудира на продолжеток. Симпатичната игра со мазохистички гејмплеј механики, Cuphead, успеја да се продаде во над 2 милиони копии, а PUBG излезе од раниот пристап на Steam програмата. При крајот на неделата, дознавме и дека Psychonauts 2 нема да излезе ни во 2018 година, снег почна да паѓа во GTA Online, multiplayer server софтверот за World in Conflict стана open-source.

На полето со трејлери, Monster Hunter: World покажа како да го менувате изгледот на вашите сопатници,  Code Vein проба да импресионира со аниме изведба, Kingdom Come: Deliverance ве турка во отворениот свет низ шеснаесет-минутен трејлер, а Sea of Thieves проповеда за сите страни на пиратскиот, борбен живот.




Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии