Гејминг новости од минатата недела #57

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и седмо издание.

Нешто што највеќе крена прашина минатата недела беа Video Game Awards и бројните откритија и награди. Очекувајте го нашиот детален извештај на таа тема наскоро!

Во меѓувреме, најновата закрпа за Star Wars Battlefront 2 значително ја зголеми количината на кредити и награди кои ги добивате од играњето на играта, со што уште еднаш се потврди дека самиот систем е наместен на тој начин да играчите се охрабрени да купуваат микротрансакции. До пред некое време, издавачите ЕА тврдеа дека микротрансакциите се привремени и дека ќе се вратат, но на неодамнешната конференција за инвеститорите се зборуваше за тоа дека валутата би можела, а и не да се врати во играта.

ММО играта Dauntless доби огромно надополнување кое се вика Sharpen Your Skills, а воведува нови предизвикувачки непријатели, нови оружја, а и ја подобрува борбата и напредувањето низ играта. Покрај ова, од 19.декември, играчите ќе можат да се приклучат на новогодишниот Frostfall настан и да добијат бројни изненадувања и специјални предизвици. Отворената бета од оваа игра ќе стане достапна во 2018 година. Со оваа надополнување, содржините за самостојно играње се привремено заклучени.

Ултра шутерот Superhot беше едно од најпријатните изненадувања од претходната година, а оние кои беа импресионирани од револуционерните механики за манипулација на времето, ќе можат да добијат повеќе од истото преку неодамна најавената експанзија. Mind Control Delete го проширува борбениот систем преку десетици нови предизвици, способности, нови игриви ликови, оружја, непријатели и многу повеќе. Во случај да ја имате основната игра, веднаш можете да ја проверите раната верзија на проширувањето.

Во случај да барате нешто бесплатно плашење во најчиста форма, The Evil Within 2 доби бесплатен пробен период преку Steam. Ваквото демо ги покрива почетните поглавја од играта, со можност за тестирање бројни механики и пренесување на напредувањето откако ќе се купи целосната верзија.

Ubisoft го одложи излегувањето на Far Cry 5, The Crew 2, како и на уште една, сеуште ненајавена игра. Па така, Far Cry 5 ќе излезе на 27.март, The Crew 2 ќе излезе некаде помеѓу април и септември, а играта која се држи во тајност дури во 2019 или 2020 година. Во меѓувреме, студиото подарува 2 игри од нивниот каталог!

Capcom ја најави Devil May Cry HD колекцијата која ќе ги содржи Devil May Cry, Devil May Cry 2, and Devil May Cry 3: Special Edition. Игрите ќе бидат со надградена и оптимизирана графика која ќе допринесе до флуиден гејмплеј од 60 фрејмови во секунда. Devil May Cry HD Collection излегува на 13.март 2018 година.

Ghost Recon Wildlands ќе добие неделава рангирано играње и две нови класи. PvP надополнувањето се вика Jungle Storm, а покрај споменатото, ќе воведе и четири нови Elimination и Uplink мапи, нови оружја и подобрување на останатите PvP и PvE модови. Jungle Storm станува реалност на 14.декември.

The Escapists 2 доби бесплатен уредувач на мапи со кој можете сами да создавате соби и да ги полните со опрема, ќелии и вентилации кои допринесуваат до изобилство од можности за креативни бегства. Она што ќе креирате, ќе можете да го споделите преку Steam Workshop. Паралелно со надополнувањето, истребени се и бројни багови и неправилности во играта.

На некое друго место, DayZ вети дека конечно ќе излезе од раниот пристап во 2018 година, Oh My Godheads, пак, излезе од раниот пристап, Figment доби бесплатно демо на Steam, следната Tomb Raider игра ќе биде откриена во новата година, The Walking Dead играта на Overkill ќе биде откриена неделава, а Romancing Saga 2 ќе биде со подобрена графика, нови класи и повеќе!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии