Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и шесто издание.

Blizzard планира уште три експанзии за Hearthstone само во 2018 година. Експанзиите ќе се одликуваат со целосни нови шпилови од карти, нови мисии, но не и Adventures. Според студиото, имаат проблем со балансирање во Adventures и затоа сметаат дека најдобро ќе биде да се посветат на останатите елементи. Најновата експанзија со 135 карти, Hearthstone: Kobolds & Catacombs, ќе излезе на 7.декември.

Играта која дискриминира сè што нема допирни точки со скејтбордингот, Session, успешно беше финансирана на Kickstarter и со две недели пред завршување на таквата кампања има соберено многу повеќе од зацртаното. Во случај да и вие сметате дека на PC сцената нѝ требаат повеќе вакви игри, можете или да направите дополнителна финансиска посвета или пак да го проверите демото за играта.

По фијаското со контроверзните кутии за плен во Battlefront II, вредноста на акциите на ЕА се намали за 3 милијарди долари. Од почетокот на ноември, цените почнаа да паѓаат за 8.5%. Во меѓувреме, во кодот на Star Wars Battlefront 2 се најдоа скриени изгледи и можности за прилагодување на борците и хероите, по само неколку дена откако извршниот директор на ЕА изјави дека кутиите за плен не им се засновани на естетски награди затоа што не сакале да го загрозат Stat Wars универзумот така што ќе понудат на играчите несоодветни изгледи, како розев Darth Vader.

Fortnite се поднови со надградба која воведува оружја, гранати и две листи од лидери. Новитетите се овозможени и во Battle Royale и во Save the World режимот. Во чест на ова, се враќаат и Mutant Storms, односно уникатни модификатори на непријателите и хероите, како и корисни награди за ефикасно справување во Save the World режимот. Покрај ова, забележителни се и бројни исправки на грешки, како и соодветни балансирања во гејмплејот. Надополнувањето доаѓа неколку дена откако Epic Games тужи 14 годишно дете за наводно мамење во играта Fortnite.

Митолошката акциона RPG игра Raji: An Ancient Epic ви дозволува да погледнете дали е за вас играта преку неодамна-издаденото бесплатно демо на Steam. Според многумина, демото е сосема доволно за да ги проверите борбените механики, во комбинација за музичката подлога и разноликите околини. Играта може да се финансира на Kickstarter уште недела дена.

Doom VFR излезе за PSVR и Vive и доколку сте по креативно масакрирање на вонземјани во виртуална реалност, од студиото порачуваат дека ќе ви треба барем Intel Core i5-4590, 8 GB RAM и GeForce GTX 1070. За максимално уживање, пак, потребно ви е Intel Core i7-6700K, 16 GB RAM и Nvidia GeForce GTX 1080.

Arma 3 Tac-Ops е најновото DLC за овој тактички шутер. Со додатокот, се зголемува бројот на мисии за еден играч за три нови мисии, во времетраење од осум часа, а чини само 5 евра. Мисиите се играат од различни перспективи, а нивните имиња се Beyond Hope, Stepping Stone и Steel Pegasus.

The Elder Scrolls: Legends објави нова експанзија која е тесно поврзана со неодамнешното DLC за The Elder Scrolls: Online. Return to Clockwork City воведува над 50 карти и 35 мисии во приказна која се развлекува низ три поглавја. Авторите ветуваат и нови механики за стратешка комплексност, по цена од 20 евра или 8 евра/ 1000 gold за едно поглавје.

На некое друго место и време, Mass Effect: Andromeda Deluxe Edition стана дел од Origin Access програмата, Rising Storm 2: Vietnam се надополни со австралиски сили, нови оружја и хеликоптер, Bungie најави огромни промени во Destiny 2, Ашли Брч ќе се врати како Клои во бонус епизодата за Life is Strange: Before the Storm, а The Division 1.8 надополнувањето ќе стапи на сила наредната недела.

Во светот на трејлерите, Kingdom Come: Deliverance прикажа наративно расчленување, испрашување и крваво испраќање на вечните пасишта. Mechwarrior 5: Mercenaries, пак, зазема напори да импресионира со десетминутен гејмплеј приказ, а Okami HD проба прекумерно да компензира со три трејлери за манипулација на околината, налудничаво жртвување и арени со самурајски ѕверови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии