Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесет и второ издание.

Battleborn исфрли уште едно надополнување кое е и воедно последно. За жал, играта не успеа да привлече доволно играчи за да може да биде надополнувана во иднината. Како дел од есенската надградба, имате на располагање нови изгледи, форми на задевање и завршни удари, како и одредени исправки на багови и балансирања. Играта и понатаму ќе може да се игра, но и тоа би можело да се промени во иднина, особено кога ќе се земе во предвид дека бројот на играчи во последните 30 дена е сведен на 54.

Hide and Shriek е бесплатна игра која Funcom ја овозможи специјално за Halloween настанот. Се работи за еден-против-друг мрежна игра каде еден играч собира поени и го плаши другиот играч преку користење магии, замки и ненадејни напади од паметно-осмислени места за криење. Преземете ја играта и започнете со криењето и врескањето од тука!

За да ја играте Call of Duty: WWII потребен ви е барем Intel Core i3 3225 3.3 GHz, 8GB RAM и Nvidia GeForce GTX 660 @ 2 GB, односно Intel Core i5-2400, 12GB RAM и Nvidia GeForce GTX 970 за графичко совршенство од највисока форма. Играта излегува на 3.ноември, а оние кои предвреме ја имаат купено веќе сега можат да започнат со предвремено преземање.

Првата Harvest Moon игра за PC ќе биде Harvest Moon: Light of Hope, а ќе излезе на 14.ноември. Слично на претходните игри, во Harvest Moon: Light of Hope започнувате така што доаѓате во градот и им помагате на сограѓаните во садење зеленчук и овошје, како и одгледување добиток (изгледа позабавно отколку што звучи). Ова е и првата игра која не е развиена од оригиналниот тим, кој сега оди со името Story of Seasons.

Middle-earth: Shadow of War ќе има сезонска пропусница со четири додатоци. Првиот додаток, Slaughter Tribe Nemesis, ќе излезе во ноември и ќе донесе легендарни и епски орци со нови мисии, опрема, надградби и предизвици. Во декември, додатокот Outlaw Tribe Nemesis ќе донесе повеќе од истото. По новата години, во февруари, проширувањето Blade of Galadriel ќе ви дозволи да играте со елитен атентатор Елтариел, како и да добиете нови борбени способности, вештини, опрема, осум уникатни легендарни орци, нови изгледа и кампања. Последната експанзија, The Desolation of Mordor, ќе излезе во мај и ќе создаде услови за играње со Баранор низ нова приказна и со нова опрема и платеници.

Metal Gear Survive ќе излезе на 20.февруари, а за играње на кампањата ќе мора да овозможите пристап до интернет. Ова е првата Metal Gear игра без Коџима и е строго фокусирана на ко-оп механики. Оние кои предвреме ќе ја купат ќе добијат четири позлатени оружја, два дополнителни гестови, четири шалови, борбени бои и слично.

Outcast – Second Contact ќе излезе на 14.ноември. Се работи за римејк на играта од 1999 година. Покрај очигледна графичка надградба, носталгичните играчи можат да се радуваат на 50 часовна авантура со нови динамични движења, низ шест уникатни континенти и бројни оружја. Играта има 30% попуст за сите оние кои ја имаат Outcast 1.1.

Digital Extremes ја прекина работата на нивниот нов шутер The Amazing Eternals. Од студиото објаснуваат дека им недостасува доволна бројка од играчи за да може играта вистински да сјае и поради тоа, тимот е принуден да застане со понатамошен развој и убаво да размисли во кој правец треба да се менува дизајнот и механиките. Парите ќе им се вратат на сите оние кои купиле ран пристап до играта. Доколку сте и вие еден од нив, кликнете тука!

Crusader Kings 2 и Europa Universalis 4 ќе се подноват со експанзии веќе од 16.ноември. Crusader Kings 2: Jade Dragon ја воведува Кина и новиот grace систем, а Cradle of Civilization ја проширува Europa Universalis 4 во Средниот Исток и Централната Азија, со дополнителна разработка на муслиманските нации.

GTA Online играчите добиваат 400,000 долари (дигиталната валута на играта) доколку се логираат во играта до 6.ноември. Парите, потоа, ќе бидат префрлени на вашата сметка од банка, од 6 до 13 ноември. Со вистински пари ваквото нешто би ве чинело 6 долари, а со сумата ќе можете да си купите, ако ништо друго, солиден автомобил.

На некое друго место и време, Rainbow Six Siegе доби надградба која го поправа неткодот и воведува промени во Kapkan, Blitz, and Ela, се работи на нова Mass Effect книга, Survarium го воведе долго-очекуваниот PvE мод, Injustice 2 му посака добредојде на Hellboy, а The Papers, Please се поднови со нов трејлер за истоимениот филм.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии