Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, педесетто издание.


Во чест на педесеттиот извештај за гејминг новости, IT.mk наградува пет читатели со една од следниве пет игри:

Homefront – FPS акција за тоа што би можело да се случи кога војната би била донесена на американската почва.

Saints Row 2 – бидете кој сакате и правете што сакате во една од култните игри во отворен свет.

Goat Simulator – Искусете ги вистинските проблеми на една коза и лизнете сè што ќе се осмели да ви застане на патот!

The Journey Down 1 + 2 – Заинтригирајте се со мистериите кои се кријат во оваа класична point-and-click авантура со афро-карипски пресврт и еден куп лудории.

Assassin’s Creed – На прагот на Assassin’s Creed Origins, вратете се на играта која започна сè и потсетете се на авантурите на Altaïr Ibn-La’Ahad.

За да станете потенцијален добитник, сè што треба да направите е да го пронајдете овој пост на нашата Facebook страна и да оставите коментар за тоа која е вашата игра за месец октомвриНајсреќните читатели ќе ги одбереме и наградиме по случаен избор и истите ќе добијат бесплатни клучеви за игрите! Изборот ќе биде направен во 19.00 ч. во текот на утрешниот ден.

Вест на неделата – Микро трансакции

Немаше ден, а да не се спомнат озлогласените кутии со плен. Од една страна, неодамнешно истражување откри дека микротрансакции и DLC содржини го имаат зголемено профитот на оваа индустрија до три пати, а како дополнителен бензин во огин,  Entertainment Software Rating Board, или ESRB, се изјаснија дека ваквите loot boxes не ги сметаат како форма на коцкање. Shadow of War постојано беше на ударот со воведување микро трансакции во кампањата за еден играч, но многумина играчи успеаја да искористат соодветни скрипти за мамење во самиот енџин за да си се почестат со неограничено количество Mirian – валутата која се купува со вистински пари. Да не биде долен, издавачот EA ги разлути фановите така што го базира клучниот систем во Star Wars: Battlefront II на кутии со плен и го врза напредувањето и гејмплеј механиките директно со купување плен. DICE побрзаа да ги објаснат нивните намери зад таквото нешто и да ветат дека внимателно ќе ја следат ситуацијата и ќе имплементираат промени онаму каде што е потребно. Ако една работа успеавме да заклучиме тоа е дека гејмерската индустрија, поточно гигантите од издавачкиот круг, заземаат се похрабри (читај: безобразни) ставови во мисиите за наплаќање 60 евра за игра и континуирано поттикнување за дополнително посегнување кон паричникот, обвиткувајќи го таквото нешто во привлечни механики кои позитивно влијаат на психата на гејмерот и полека, но сигурно му ја менуваат перспективата и самата дефиниција за тоа што би можело да биде исполнителен гејмплеј.

Overgrowth, невообичаениот коктел од борбени вештини, прикрадување и насилство со диви животни конечно ја воведе целосната приказна со најновата бета верзија. Оние кои предвреме ја имаат купено играта ќе можат да поминат низ целата кампања низ борби кои се засноваат на правилно темпирање на ударите и одбраната, но и напнато прикрадување од една во друга грмушка. Играта е  во развој повеќе од девет години.

IGN го купи Humble Bundle. Веста ги погоди гејмерите како гром од ведро небо и многумина се изјаснија низ социјалните мрежи како ова да е почетокот на крајот на една убава работа иако, нема вистинска причина за таквото нешто. Од Humble Bundle изјавија дека ова ќе им помогне многу за понатамошно овозможување пакети од квалитетни дигитални содржини и добротворни организации, а од IGN се изјаснија дека ако нешто не е искршено, не треба да се поправа и дека нивната цел е само дополнително потпомагање со ресурси за да продолжат да го прават она што до сега го имаат правено. Humble Bundle функционира уште од 2010 година.

Warframe: Plains of Eidolon излезе и, по прв пат, им овозможува на играчите отворен свет каде 9 km2 се исполнети со пештери, непријателски кампови и нови мисии. На располагање имате и нова опрема, нов warframe, оружја, продавачи и мини игри во форма на риболов. Со дено-ноќниот циклус се воведени и нови гејмплеј механики, каде преку ден се охрабрува самостојното истражување, а преку ноќ се алудира на групирање и заедничко истражување.

Grim Dawn: Ashes of Malmouth излезе, и, како прва соржителна експанзија, нуди на играчите две нови класи за продолжување на приказната низ две нови поглавја. Покрај зголемување на level и Devotion, на располагање имате четири дополнителни фракции, нови, исклучително предизвикувачки непријатели и уникатен плен.

Destiny 2 излегува на 24.октомври, а од студиото ја официјализираа системската побарувачка. За минимално искуство потребен ви е Intel Core i3-3250 процесор, GTX 660 2GB и 6GB. Препорачаната конфигурација се сведува на Intel Core i5-2400 процесор, GTX 970 4GB и 8GB.

Final Fantasy 14 доби огромно надополнување, со рејд инспирирана од Final Fantasy 12, нови квестови во приказната и нова област за купување домови – Shirogane. Рејдот Return to Ivalice е напишан од Yasumi Matsuno, креаторот на Final Fantasy Tactics и Final Fantasy 12. Областа Shirogane е инспирирана од јапонската традиција и ви дозволува да си купите домови од најразлична големина. Новите квестови, пак, директно се надоврзуваат на крајот од Stormblood. Покрај ова, имате на располагање и нова зандана.

South Park: The Fractured But Whole ќе се вдоми во вашите компјутери веќе од 17.октомври, но откако ќе завршите со основната игра ќе може да ги очекувате двете планирани проширувања. Со сезонската пропусница се опфатени две нови приказни. Во From Dusk til Casa Bonita ќе ги здружите силите со South Park ликовите за да уништите демонска сила во Casa Bonita, а во Bring the Crunch ќе можете да заиграте со нов супер херојска класа. И двете приказни ќе излезат во 2018 година, но во декември ќе можете да го купите Danger Deck, додаток кој ќе отклучи нови костими и артефакти.

За крај, би споменале дека најновото DLC за The Elder Scrolls: Online излегува на 23.октомври, Halloween скиновите за Overwatch се повеќе од импресивни, Dragon Age режисерот Mike Laidlaw го напушти BioWare, a еден мод за Fallout 4 ви дозволува да удирате, пљачкате и киднапирате NPC ликови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии