Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесет и осмо издание.


Red Dead Redemption 2 се поднови со нов трејлер кој преповеда за приказната на одметникот Артур Морган и Van der Linde бандата. И понатаму остануваат отворени прашањата за датумот на излегување на PS4 и Xbox One верзиите, како и дали играта ќе ги отвори портите за PC гејмерите.

Star Wars Battlefront 2 ќе има отворена бета и тоа од 6 до 9 октомври, или пак два дена порано доколку ја имате предвреме нарачано играта. Во пресрет на таквото нешто, девелоперите ослободија нов трејлер и се изјаснија за минималната или препорачаната хардверска побарувачка. Па така, за графички-осиромашено искуство потребен ви е Intel Core i5 6600K процесор, 8GB RAM и NVIDIA GeForce GTX 660 2GB. Од друга страна, играта живее во целосна слава само доколку располагате со конфигурација кое крие Intel Core i7 6700, 16GB RAM и NVIDIA GeForce GTX 1060 3GB. Финалната верзија излегува на 17.ноември.

Ruiner e брутален шутер кој излезе неделава и успеа да ги импресионира гејмерите со научно-фантастичното опкружување и адреналинска акција со арсенал од исклучително насилни оружја. Ruiner се продава на Steam, GOG и Humble Store, по цена од 20 евра.

Celestian Tales: Realms Beyond е успешен продолжеток на Kickstarter хитот од 2014 година и се надоврзува на уникатно комплексниот начин на раскажување приказна за шесте придружници од House Levant. Доколку сакате да го проверите ова, како и солидниот систем за turn-based битки сместени во рачно-изработени пејзажи, кликнете тука!

Cities: Skylines – Green Cities е најновата експанзија за една од најдобрите симулации за управување со град. Пријателски настроено кон екологијата, проширувањето ќе дојде на 19.октомври и ќе им понуди на играчите 350 објекти и средства кои ќе допринесат кон помало загадување во градовите. Green Cities ќе има 200 нови згради и 100 дополнителни средства, нови визуелни опции, повеќе паркови и услуги, како рециклирање, но и три нови сценарија.

Blizzard се пофали со нова Battle.net апликација за вашите Android и iOS направи. Сега-за-сега, апликацијата ви дозволува да видите кои игри ги играат вашите пријатели во моментот, или пак да додадете некој нов пријател со внесување на нивниот Battletag, имејл адреса или пак QR код. Со текот на времето, очекуваме апликацијата за автентикација да биде вовлечена во оваа, како и да се понудат можности за купување или инсталирање игри од далеку.

Dead Rising 4 играта ќе има подобрувања специјално побарани од фановите. Бесплатната надградба ќе стапи на сила на 5.декември и ќе нуди подобри награди, попредизвикувачки непријатели, шест нови сценарија и сеопфатно подобрување на гејмплејот.

Assassin’s Creed: Origins ќе биде проширен и со Discovery мод каде играчите ќе можат да навлезат во релаксирачи дваесетминутни тури низ древниот Египет, со исклучени можности за борба и целосна посвета на впивање дигитални убавини, препратени со гласовна нарација и соодветни анимации.

Wolfenstein 2 ја прекина традицијата со трејлери и неделава објави 23 минутен гејмплеј приказ, девелоперот Volition претрпува отпуштања на работната сила поради слабите продажби на Agents of Mayhem, The Evil Within 2 изгледа пострашна од кога било со најновиот трејлер, Pyre има нов мод кој се отклучува по завршување на играта, Anthem дефинитивно ќе има бета, вести за Diablo 3 нема да има на BlizzCon, но авторите ветуваат максимална посвета на серијалот, Star Wars Battlefront 2 доби интересна сцена од приказната, а над 1 милиони играчи го пробаат Battle Royale модот за Fortnite.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии