Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесет и шесто издание.

PewDiePie повторно привлекува внимание со расистички испади, а прашината од целокупната драма никако да се слегне. Откако Campo Santo поднесе DMCA за сите содржини на PewDiePie поврзани со Firewatch, гејмерите ја закопаа играта на Steam со негативни рецензии. Во меѓувреме, PewDiePie објави уште едно видео во кое објаснува зошто мисли дека DMCA е нефер тактика за вакви ситуации и дека доколку добие уште еден налог би можел да го изгуби YouTube каналот, со што самиот јутубер не може, а да не гледа на реакциите на Campo Santo како на директен напад врз него. Ден по видеово, за време на PUBG стрим, PewDiePie за малку ќе имаше уште еден расистички испад.

Кога сме кај една од најпопуларните игри во моментот, PUBG или PlayerUnknown’s Battlegrounds го држи Twitch рекордот како нај играна игра (1.3 милиони симултани играчи), а слична е ситуацијата и на Steam платформата, каде често се случуваше над 1 милион корисници да побараат утеха за (не)координирани препукувања токму со овој наслов. Ваквиот податок е пропратен со големо надополнување, како временски ефекти во форма на магла, оружјето Mini-14 и нов град – Kameshki. Покрај ова, забележителни се и ситни прилагодувања во корисничкиот интерфејс и гејмплеј механиките.

На слична нота, и Epic сака дел од колачот и изјави дека бидејќи многу сакаат Battle Royale игри како PUBG, и нивната игра, Fortnite, ќе се одликува со мод каде на една огромна мапа ќе фрли 100 играчи кои ќе се борат сè додека не остане само еден жив. Модот се очекува на 26.септември.

Од неодамна, Bethesda повторно започна да продава модови и, како што можеби претпоставувате, таквото нешто воопшто не ги одушеви долго-годишните фанови, кои ја посветија недалава со дополнителни плукања по култните игри и прилепување негативни рецензии. Најголем проблем е тоа што Bethesda го форсира Creation Club и интерната продавница дури и доколку никогаш не сте ни сакале да купите некој мод за играта Fallout. Еден модер реши да стави крај на неуморното рекламирање модови на главното мени и објави мод кој ги отстранува таквите вести и ви дозволува да навлезете во играта без непотребни бомбандирања. Модот No More Creation Club News стана толку популарен да е на второ место на најпреземани модови на Nexus Mods Fallout страната. Ни Bethesda не седи со скрстени раце, па неделава дозволи бесплатно преземање на horse armor и Prey space suit, само денови откако некои платија целосни суми да ги купат. Одредени модови се продаваат со 25% попуст.

Hand of the Gods: Smite Tactics стана дел од раниот пристап програмата на Steam. По три месеци отворена бета, играта се чини конечно спремна за следниот еволутивен чекор, а оние кои се заинтересирани за најновиот наслов на Hi-Rez можат непречено да се втурнат во оваа бесплатна за играње игра со карти. Паралелно со ова, гејмерите имаат на располагање неколку пакети кои, за одредена сума, би им го разубавиле почетното искуство.

Излезе Tooth and Tail, невообичаена стратешка игра во реално време од креаторите зад Monaco. Играта се одликува со кампања за еден играч, мултиплеер, поделен екран и бројни можности за животинско масакрирање.

Warframe нападна со детален трејлер кој проповеда за бројни новитети во експанзијата Plains of Eidolon. Во првата огромна и отворена област за Warframe, играчите ќе се соочат со стари и нови непријатели, деноноќен циклус и впечатлива приказна која протекува од градот Celtus и се шири низ локациите на бројните NPC ликови. Оние кои ќе навлезат ќе бидат пресретнати со можности за нов Warframe, нови оружја, опрема и ресурси.

Низ ходниците на гласините, се шепоти и за изработка на GTX 1070 Ti. Доколку, пак, сте дел од корисниците кои никако не го сакаат GeForce Experience, алатката TinyNvidiaUpdateChecker троши исклучително малку ресурси за проверка, преземање и инсталирање на најновите драјвери за вашата Nvidia графичка карта.

На некое друго место, Galactic Civilizations 3 воведе значителни подобрување во основната игра, SteamWorld Dig 2 дефинитивно излегува за PC на 22.септември, Call of Duty: WWII бетата ќе биде отворена за сите веќе од 29.септември, Overwatch ќе биде бесплатна за играње од 22 до 25 септември, Dishonored: Death of the Outsider излезе, а и прикажа уште неколку начини за креативно сеење хаос, Assassin’s Creed Origins ве запознава со Order of the Ancients и полека го поплочува патот за излегувањето на 27.октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии