Гејминг новости од минатата недела #45

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесет и петто издание.

Code Vein e RPG игра со борбен систем кој е доста сличен на Dark Souls серијалот. Од девелоперите зад кои стои критично-признатата God Eater, ни доаѓа наслов со уникатни вампирски напади и комплексни системи кои го нагласуваат заедничкото играње. Следниов трејлер од 17 минути ќе ви каже многу повеќе на оваа тема.

Overwatch фановите имаат на располагање уште еден стрип кој го покажува почетокот на пријателството помеѓу Junkrat и Roadhog. Целиот стрип можете да го прочитате тука!

Bethesda планира да исфрли еден куп игри до крајот на годинава, но во неодамнешно интервју, каде првенствено се зборуваше за платежните модови, претставник од тимот, Пит Хајнс изјави дека покрај најавените Skyrim Switch, Wolfenstein 2, The Evil Within 2, Quake Champions, Elder Scrolls Legends, Elder Scrolls Online и Dishonored Death of the Outsider, ќе исфрлат уште една игра за која на никого ништо немаат кажано. Пит тука застана и одби какви било други информации.

Lawbreakers ќе се пофали со нови туторијали и мапа пред крајот на септември, а, подоцна, гејмерите ќе можат да искусат и нов режим од рангиран, натпреварувачки карактер и уште една нова мапа. На крајот од годината, пак, ќе се понуди уште една класа и уште една мапа. Повеќе за сево ова имате тука!

SteamWorld Dig 2 ќе биде уште една од многуте игри кои ќе излезат во септември. Продолжетокот првин ќе излезе за Switch (21.септември), а неколку дена подоцна и за PC. Во случај да сакате симпатични Metroidvania алтернативни со гејмплеј механики како рударство, надградби и колекција од ексцентрични роботи, погледнете го најновиот трејлер. Во меѓувреме, оригиналната SteamWorld Dig е бесплатна преку Origin.

Destiny 2 доби позитивни почетни реакции кои, за жал, не продолжуваат во одделот со козметички додатоци. Имено, таканаречените shaders, кои ги менуваат боите на вашиот чувар, сега се со еднократна употреба. Многумина корисници гледаат на ова како на уште еден обид да се даде акцент на микро трансакциите, но од студиото зад играта објаснуваат дека shaders се доделуваат преку играње на играта и дека кога играчите ќе се lvl 20, ќе имаат изобилство од можности за боење на оклопот.

BioMutant успеа да го привлече вниманието сo невообичаените концепти каде навлегувате во отворен свет со суштество кое личи на, па, верверичка. Преку 25 минути, следново видео ги прикажува почетните мисии и ви дозволува да го поврзете борбениот систем со нешто помеѓу Ratchet & Clank и скоро сите други акциони RPG игри во отворен свет.

South Park: The Fractured But Whole, како и сите други игри, ќе ви дозволи да изберете одредена тежина со која сакате да напредувате низ играта. South Park: The Fractured But Whole, како ниедна друга игра, ќе ви дозволи да ја одредите тежината така што ја менувате бојата на кожата на вашиот лик. Па така, потешка тежина значи и значително потемен тон на кожата. Ова, објаснува Картмен, не влијае „на борбите, туку само на секој друг аспект на твојот цел живот“. Темниот тон значи помалку пари и поразличен начин на кој се зборува за ликот низ играта.

Resident Evil 7 ќе исфрли златна едиција на 12.декември. Ваквата верзија ќе се одликува со сеуште неизлезеното End of Zoe DLC, како и досегашните Banned Footage Volumes 1 and 2. Not a Hero DLC исто така ќе излезе со златната едиција, а ќе биде бесплатно за сите. Фановите не се премногу импресионирани со Banned Footage, но End of Zoe ветува нови непријатели и нови области со мочуришта.

А на некое друго место, 90% од Gearbox работат на игра на која поголемиот дел од нивните фанови сакаат да работат, со што уште еднаш се потврди работата на Borderlands 3,  Wolfenstein 2 покажа како нацистите полека, но сигурно го менуваат културниот идентитет на Америка, Dishonored 2 Death of the Outsider го прикажа убиствениот арсенал на Били, PlayerUnknown’s Battlegrounds се има продадено во над 10 милиони копии, Rockstar ја најави L.A. Noire: The VR Case Files – игра за HTC Vive, a Forza Motorsport 7 не само што исфрли филмски трејлер, туку и вети игриво демо веќе од 19.септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии