Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесет и трето издание.

Planet of the Apes: Lost Frontier е нова игра чија приказна се поставува некаде помеѓу вториот и третиот филм. Од студиото FoxNext Games се очекува да ви се дозволи да имате контрола врз клучните точки низ приказната и да бидете наградени со неколку различни краеви.

Doomiablo е интересна рекреација на Doom 2 во Diablo 2 графичкиот енџин. Доколку некогаш сте се прашувале како би се играл Doom 2, но од изометриска перспектива, тогаш би можеле со посебен интерес да го следите развивањето на овој хибрид.

Doom фановите би можеле да го насочат вниманието и кон ретро FPS играта Dusk. Dust, како и Doom, ќе се одликува со 33 нивоа поставени во три епизоди. Првата од епизодите стана достапна за играње, а останатите ќе се појават со по исфрлување на финалната верзија.

PlayerUnknown’s Battlegrounds се истакнува како една од најпопуларните Battle Royale игри и доколку сте заинтересирани за откачени факти за играта, како тоа дека само 1 од 6000 луѓе победуваат во првиот заигран меч, дефинитивно информирајте сè преку долното видео.

Valve, компанијата која стои зад популарната гејминг платформа, Steam, би можела да ги одбива барањата на девелоперите за поголем број сериски броеви од нивната игра доколку сметаат дека таквото нешто е неисплатливо. Според Valve, тие имаат трошоци за овозможување на играта на Steam, а не добиваат дел од колачот кога девелоперите само повлекуваат клучеви и си ги продаваат како дел од пакети, преку надворешни сајтови.

Cities: Skylines Concerts е најновото DLC за една од најпопуларните игри со управување со град. Додатокот првенствено овозможува на играчите да планираат и организираат музички фестивали преку кревање нови комплекси и воспоставување соодветни закони и буџети. Сите сопственици на основната игра добиваат и подобра алатка за управување со дополнителни содржини за да се впуштат во олеснето пребарување и организирање на модификациите за играта.

The Amazing Eternals е најновата FPS игра од студиото за Warframe, Digital Extremes. Бесплатната-за-играње игра се претставува како пукачка игра со херои, но истата е дополнително проширена со елементи од градење шпилови со карти. Founders програмот стапува на сила на 29.август, а затворената бета на 1.септември. Пријавете се тука!

На некое друго место и во некое друго време, првата закрпа за LawBreakers воведе балансирање во гејмплејот и ја направи играта пофер, за датумот на излегувањето на Mount & Blade 2 нема ни да се зборува на овогодишниот Gamescom,  Quake Champions се појавувa на Steam ран пристап веќе од наредната недела, а Obsidian ги информира фановите на што работат во Pillars of Eternity 2.

Crackdown 3 се одложи за 2018 година, бесплатно демо за играта Prey стана достапно на Steam, CA потврди дека четвртата раса во Warhammer 2 ќе биде Skaven, Football Manager 2018 ќе излезе на 10.ноември, а најновото надополнување за GTA Online е пропратно со ново супер возило и бројни попусти низ продавницата.

За крај, дозволете си да се исплашите од The Evil Within 2, да се израдувате од најавата за римастер на Black Mirror, да бидете суптилно збунети од над нормалниот RPG шутер Nightmarchers, да се импресионирате од Destiny 2 во 4К резолуција, да се информирате за најновото чедо на Питер Молунекс или пак да видите што ве очекува во неодамна излезната Agents of Mayhem.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии