Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесет и второ издание.

Rez Infinite, играта која палеше и жареше на конзолите во 2002 година, конечно излезе за платформата PC. Играта располага со 4К поддршка, двојно подобар квалитет на текстурите, напредни графички можности и многу повеќе, неисклучувајќи ја и можноста да ја искусите играта со Oculus Rift или HTC Vive.

Dishonored 2 Death of the Outsider, како што можеби знаете, е самостојна експанзија која треба да излезе на 15.септември. Најновиот трејлер за играта покажува брутални и натприродни борбени елементи, нова област и множество од предизвикувачки механички непријатели.

Fallout 4 Game of the Year Edition исто така ќе излезе наредниот месец и ќе понуди комплетен пристап до основната игра и сите шест последователни додатоци. Ни оние кои се по игрите на табла, но во познатиот пост-апокалиптичен универзум нема да останат со празни раце.

Wolfenstein 2: The New Colossus навистина сака да биде во центарот на вниманието и, по сè изгледа, таквото нешто сака да го оствари со бројни трејлери во што почести интервали и на што по откачени теми. Со најновиот филмски трејлер никогаш повеќе нема да гледате исто на чоколадните производи. Или пак само ќе ви се пријаде чоколадо. Едно од тие две. Или ниедно.

Guild Wars 2: Path of Fire е најновото продолжение во една од најпопуларните ММО игри и доколку сакате да проверите што сè ве очекува во кристалната пустина, студиото ви дозволува бесплатно навлегување во првата од петте планирани мапи и јавање на првото животно. Path of Fire излегува на 22.септемви!

CODumentary e Call of Duty документарец кој, низ 90 минути, го истражува воениот серијал преку интервјуа со развивачи, фанови на играта, професионални играчи и бројни експерти. Документарецот е сниман нешто повеќе од пет години, на различни места од светот и не е финансиран од издавачите Activision туку од Devolver Digital.

No Man’s Sky Atlas Rises е најновата експанзија од студиот кое вети многу, а испорача малку. Последнава година, девелоперите макотрпно работеа на играта и исфрлија содржителни надополнување. Atlas Rises излегува веќе од наредната недела и се фокусира на подобрување на централната приказна, а и воведува можност за брзо патување од една до друга локација преку употреба на портали.

И Destiny 2 исфрли трејлер преку кој ги запознава сите фанови со новите мапи, оружја и класи, особено во PvP аспектот од играњето. Бетата започнува на 28.август за предвремени нарачки, односно на 29.август за сите останати.

Во јуни, Steam го згасна несреќниот Greenlight и ја замени таквата иницијата со Direct пристапот. За краткиот период, поточно седум недели, над 1000 игри слетаат на платформата и се натпреваруваат за вниманието на гејмерите. Само во последната недела се исфрлени 215 игри.

LawBreakers е излезена и доколку сакате да видите на каков производ работел тимот на талентираниот Клиф Блезински, погледнете го најновиот трејлер, а потоа и проверете ја играта која често се поставува како интересен хибрид помеѓу Overwatch и Titanfall.

For Honor е бесплатна за играње викендов и доколку сте расположени за средно-вековно сакатење, несудениот хит на Ubisoft спремно ќе ве чека преку платформата на Steam или uPlay. Играта се продава и со 50% попуст. Сево ова е во чест на неодамна најавената трета сезона, во која се кријат неколку нови класи и нов 1v1 турнамент.

Нема ни пет дена како излезе The Long Dark од раниот пристап, а веќе ги удостои гејмерите со пет закрпи кои поправаат брони проблеми со покренување на играта, непостоечки аудио сегменти, проблематична вештачка интелигенција и многу повеќе. Играта е одличен наслов за сите љубители на игри со преживување и има 92% позитивни рецензии на Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии