Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, четириесетто издание.

Destiny 2 бетата за PC гејмерите ќе започне од 28.август за сите што предвреме ја купиле играта, а веќе од наредниот ден за сите останати. Бетата ќе трае до 31.август и за да ја играта ќе ви треба исклучително скромна конфигурација од i3 процесор и GTX 660. За високо графичко уживање се препорачува i5 процесор и GTX 970.

Forza Horizon 3 ќе ги награди играчите со бесплатното возило кое е препознатливо за играта Final Fantasy 15. The Regalia, инспириран од автомобилите како Cadillac Ciel и Maybach Exelero, е 6.2 метри долго, 2.2 метри широко и тежи нешто повеќе од 2540 килограми. Ваше станува веќе од наредниот месец.

Wolfenstein 2: The New Colossus ќе има сезонска пропусница со три целосно нови херои низ три целосно нови приказни. По цена од 25 евра, пропусницата Wolfenstein 2: The Freedom Chronicles ветува максимално уживање во оригиналната игра, која треба да излезе на 27.октомври.

Tower of Time е невообичаена игра кој комбинира класични RPG елементи со борбен стил карактеристичен за RTS игрите. Играта излезе во ран пристап и моментно нуди пет нивоа на тежини, а четири од планираните 13 поглавја. Втората книга, со уште четири поглавја ќе се појави за околу три месеци, а третата книга за на крајот на годината.

Call of Duty: Modern Warfare Remastered излезе на Steam и да се каже дека гејмерите се среќни би било бесрамно потценување. По осум месеци исчекување, засебното издание на овој римастер собра преовладувачки негативни рецензии, што поради политиката на Activision при третирање на екслузивноста и цената, што поради лошата оптимизација, а што поради бројните хакери кои за многумина го праваат мрежниот дел неигрив.

House Party се повлече од Steam, откако се насобраа бројни поплаки за порнографски содржини. Играта беше само месец дена дел од раниот пристап и за да повторно се појави на Steam, тимот мора да ги разблажи порнографските содржини и да ги сервира на попристојно ниво, што и да значи тоа.

For Honor им вети на играчите две нови сезонски надополнувања, но и целосна инфраструктура за посветени сервери. Првото сезонско надополнување доаѓа во август, а второто во ноември. И двете надополнувања ќе се потрудат да го збогатат искуството со нови херои, мапи и опрема.

Mafia 3 го исфрли третото DLC, насловено како Sign of the Times. Со оваа последно проширување, ќе ставите крај на крволочен култ и множество од нови непријатели, оружја, автомобили, мистерии и гејмплеј механики.

Civilization 6 претрпе содржително надополнување неделава и воведе нови промени за пои балансирано искуство, како и нова цивилизација. Надополнувањето со техничките исправки и промени е бесплатно за сите, но за цивилизацијата Нубија и пакетот од сценарија ќе мора да одделите 300 денари. Во меѓувреме, играта се продава со 30% попуст.

За крај, Need for Speed Payback прикажа дел од можностите за прилагодувања, Wolfenstein 2: The New Colossus го постави судбоносното прашање за тоа дали нацистите сакаат милкшејкови од јаготки, Destiny 2 го прикажа егзотичното оружје, Coldheart, а Hellblade нè запозна со креативниот режим за фотографирање во играта.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии