Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, триесет и шесто издание.

Payday 2 е бесплатна на Steam. Откако ќе се поделат пет милиони копии, играта повторно ќе се продава за пари. Ваквиот потег се имплементира за масовно да се охрабри надградба на ултимативната едиција која ги содржи сите додатоци.

Shenmue 3 ќе излезе подоцна од очекуваното, односно во втората половина на 2018 година. Според тимот, играта заземала многу поголема форма и е поубава од првичните замислени визии.

Project Cars 2 ќе излезе на 22.септември за сите најпознати платформи. Slightly Mad Studios и Bandai Namco ветуваат трки со најмоќните автомобили и во најразлични режими, нешто што е повеќе од очигледно со најновиот трејлер.

Cyberpunk 2077, најновата игра на која работи The Witcher тимот, CD Projekt изјави дека неделава некој им побарал пари за да не објават документи за идната RPG игра. Од CD Projekt се изјаснија дека пари не даваат, а украдените документи се застарени и прикажуваат ран дизајн кој не е претставителен за моментната верзија на играта

Fortnite, ко-оп акционата игра со одбрана на бази, ги прави завршните напори да ја укине клетвата која ја става нивната игра вечно во развој. Па така, играта станува дел од раниот пристап на Steam веќе од 25.јули, а оние кои предвреме ќе ја купат добиваат гратис херои, плен, оружја и бустови, како и ексклузивна можност да навлезат во играта четири дена порано.

Dota 2 ја лансира нивната прва ко-оп кампања за мултиплеерот. The Sands of Fate е првата од двата акти и е достапна за сите сопственици на Battle Pass. The International 2017 Battle Pass чини 9 евра.

Ashes of the Singularity: Escalation 2.3 е најновото надополнување кое воведува нова кампања, нови летала и балансирања на играта. Надополнувањето е бесплатно и достапно за сите сопственици на основната Ashes of the Singularity: Escalation.

Agents of Mayhem излегува на 15.август, од тимот задолжен за Saints Row игрите. Неделава се откри дека сите они кои предвреме ќе ја купат играта ќе можат да играат со Џони Гат, еден од покаризматичните ликови од серијалот Saints Row. Во ваквиот пакет не е вклучен само изгледот, туку и лични мисии, уникатни скинови, како и позајмените гласовни таленти на актерот Даниел Деј Ким.

Kingdom Come: Deliverance конечно доби датум на излегување. На 13.февруари 2018 година, оваа игра ќе ги отвори портите на масивен реалистичен отворен свет со историска прецизност и приказна која се расчленува во различни насоки.

Middle-earth: Shadow of War на 10.октоври ќе нападне посилно од кога било. Следниот трејлер има за цел да ви покаже што да очекувате од приказната.

Vampyr, една од најочекуваните RPG игри од студиото зад Life is Strange, исфрли филмски трејлер кој ја прикажува мрачната страна на вампирите и нивното владеење во Лондон, 1928. Играта излегува во ноември.

Minecraft: Story Mode Season 2 започнува од 11.јули, а изборите од првата сезона ќе имаат влијание врз втората. Сезоната ќе се одликува со Crowd Play можноста каде вашите пријатели и семејство играат со вас така што гласаат за бројните избори низ играта преку нивните телефони.

Mirage: Arcane Warfare е бесплатна за играње викендов преку Steam. Паралелно со ова, тимот најави огромна надополнување во јули, со нови мапи за 3v3 арени, нова опрема и содржина која сеуште се држи во тајност.

Little Nightmares: Secrets of the Maw е експанзија во три дела. Првото поглавје се вика The Depths, а ќе излезе во јули. The Hideaway е второто поглавје предвидено за ноември, а третото е со сеуште непознато име, а ќе излезе во јануари.

The End is Nigh е најновата игра од генијалниот ум на Едмунд Мекмилен, најдобро познат по играта The Binding of Isaac. The End is Nigh ќе има 600 нивоа низ 12 поглавја, 20 мини игри, 80 достигнувања и еден куп скриени додатоци и завршетоци. Играта излегува на 12.јули.

Total War: Warhammer добива нова раса, заедно со неколку мали, но бесплатни додатоци. Расата ќе излезе при крајот на годината, пред излегувањето на Warhammer 2. Првото од планираните додатоци ќе излезе летово, а ќе биде поврзано со некој летен настан кој моментно се држи во тајност.

Во некое друго време и место, Rebellion ја најави Strange Brigade, Elex е најновата акциона RPG игра на Piranha Bytes, Mass Effect: Andromeda се одликува со подобрени опции за романса, Styx: Shards of Darkness доби демо на Steam, базата на играчи за For Honor се намали за 95% на Steam, а најновиот трејлер за Hellblade ќе ве заинтригира со искрената молба за предвремена нарачка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии