Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, триесет и трето издание.

Humble Bundle ја започна неделава со распродажба на огромен број игри, а Bundle Stars го направи истото, но и со неверојатно евтини пакети од игри. Имајте во предвид дека добивате дополнителен попуст од 10% на Humble доколку се претплатите на месечниот пакет од игри. На Bundle Stars пак, искористете го купонот May5 за дополнителен попуст од 5%.

Overwatch ќе ја прослави годишнината со специјализиран настан кој ќе започне од 23.мај, а ќе се одликува со три нови арена мапи, нови колекции, специјални режими на играње, како и бесплатен викенд пристап за сите кои ќе сакаат да ја проверат играта. Бесплатниот викенд ќе трае од 26 до 29 мај, а претпоставуваме дека и играта ќе се продава со одреден попуст. Сосема не случајно, неделава се дозна и дека Overwatch е еден од најбараните зборови на сајтот со порнографски содржини, Pornhub.

Prey и понатаму продолжува со исфрлување закрпи и недeлава проба дополнително да го подобри искуството со исправка на неколку багови, елиминирање на мистериозното исчезнување предмети од вашиот инвентар и воведување на лизгачот за FOV (field of view). Закрпата е моментно во бета фаза на тестирање и потребно е рачно да подесите во Steam за да ја активирате, но, доколку сè е во ред, v1.03 официјално ќе стапи на сила за неколку дена.

Middle-earth: Shadow of War, покрај проширениот гејмплеј, ќе има и многу поразновиден и подинамичен отворен свет, со уникатни околини кои се удавени во поширок спектар од бои. Или барем така тврди најновиот трејлер за играта. Middle-earth: Shadow of War излегува од сенките на војната веќе од 22.август.

Крис Авелон, човекот чиј допринос е повеќе од очигледен во игрите како Planescape: Torment, Icewind Dale, Knights of the Old Republic 2, Fallout: New Vegas, Wasteland 2 и Pillars of Eternity, ги здружи силите со студиото Owlcat Games за да работи на играта Pathfinder: Kingmaker – првата изометрична cRPG игра базирана на Pathfinder Roleplaying Game. Првите детали за играта ќе бидат откриени на PaizoCon 2017 настанот од 26-29 мај.

South Park: The Fractured But Whole e сè само не заборавена и неделава не само што одново закажа датум на излегување, 17.октомври,  туку и проба да ги насмее фановите со нов трејлер кој во цела слава ги прикажува потенцијалите на една огромна, внатрешна моќ која ја поседуваат сите смртници.

Torment: Tides of Numenera исфрли закрпа која дава сè од себе да го подобри свкупното искуство преку исправка на багови, но и не заборава да ве награди со целосно нов сопатник и Voluminous Codex, дигитална збирница која отклучува бројни детали за светот и ликовите. Додатоците се бесплатни за сите, а за повеќе детали консултирајте ја целата листа!

Dreadnought навлезе во отворена бета. Сите заинтересирани во оваа бесплатна-за-играње игра од студиото Yager можат да навлезат во бетата преку следниов линк. Притоа, истражете ја новата мапа Ixion и пробајте си ја среќата со над 50 веселенски бродови од пет различни класи. Покрај новата мапа, на располагање ги имате и двете познати мапи. Во чест на сево ова, Yager го објави следниов трејлер.

Endless Space 2, како што најавивме преку нашиот извештај од игри кои ќе излезат во месец мај, излезе од раниот пристап со масивна закрпа која воведува еден куп нови содржини и исправки, до таа мера да играта нуди сосема различно и побогато искуство од претходната верзија.  Endless Space 2 има нов Galaxy генератор за подетално откривање локации, ресурси, аномалии и раси, како и проширени можности за тргување, тренирање херои, дизајнирање и градење флоти, како и нивно втурнување во катаклизмички вселенски битки.

Quake Champions исфрли уште еден трејлер кој овојпат прикажува што да очекувате при дуелите, односно еден против друг пресметките. Отворената бета за Quake Champions ви дозволува да го проверите и овој режим на играње и, доколку сте заинтересирани, кликнете тука!

For Honor започна со втората сезона и со најновата закрпа можете да ги проверите силите  со центурион или шиноби на целосно нови мапи и со нов серијал за фракциските војни. Ваквото нешто е пропратено со бројни исправки и балансирања за кои можете да се информирате тука.

Far Cry 5, The Crew 2 и нова Assassin’s Creed ќеизлезат во рок од година дена. Ова е ветувањето кое издавачката куќа Ubisoft го даде на фановите неделава. Заедно со South Park: The Fractured But Whole се чини дека периодот што следи ќе биде исклучително интересен за француските издавачи. Од друга страна, Vivendi и понатаму агресивно се залага да го зграпчи мнозинството акции на Ubisoft.

PES 2018 излегува на 14.септември, а студиото уште еднаш вети дека приоритетите им се да понудат одлично PC искуство со бројни нови елементи и начини на играње, со нов кориснички интерфејс, надграден систем за движењето на топката, подобро осветлување и многу повеќе. Дистрибуција на играта ќе биде преку Steam.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии