Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, триесет и прво издание.

Sonder., првата македонска ААА игра започна со предвремени нарачки преку нивниот дигитален фронт. До 8 мај, за кога е предвидено излегувањето на првата епизода како дел од раниот пристап на Steam програмата, секоја нарачка со прост реден број добива бесплатен Season Pass за сите 6 епизоди. Доколку сметате дека универзумот е на ваша страна и отсекогаш сте имале посебна конекција со простите броеви, пробајте да ја зграпчите целата сезона за 250 денари.

Prey од неодамна исфрли демо за конзолашите, но не и за PC гејмерите. На прашањето зошто е тоа така, челното лице од Arkane изјави дека не можеле да посветат ресурси и на двата фронта и дека PC гејмерите го имаат Steam и ако не им се допаѓа играта во првите два часа можат да си ги вратат парите. Пред да почнете да ја анализирате логиката од таквото размислување, погледнете го официјалниот launch трејлер за една од многуте игри кои излегуваат месецов.

Remedy, студиото најдобро познато по Max Payne, Alan Wake и нивното најново чедо, Quantum Break, работи на нова игра. Привремено насловена како Project 7, играта вреди 7.75 милиони евра, а е замислена како филмска акциона игра во трето лице, сместена во универзум карактеристичен за Remedy, со интригантна приказна и игрива структура која нуди долготрајно искуство. Играта е во почетна фаза и е далеку од финалната верзија.

Quake Champions исфрли уште еден трејлер за уште еден херој за уште една игра од морето арена-базирани мултиплеер шутери. Новиот шампион е стариот херој од оригиналната Quake игра и е вашиот избор доколку сакате телепортирање низ мапата и 20% поголема издржливост при самоповредување, што знае да биде исклучително корисно за над нормални скокови поттикнати со ракети или прошарани со гранати.

The Elder Scrolls Online: Morrowind се спрема за јунското излегување и авторите изразија желба уште еднаш да ја потенцираат харверската побарувачка за основната игра, како и новата експанзија. За графички исполнителен престој во Morrowing, потребен е систем со i5 2300, 8GB  RAM, GTX 750 и 85GB простор, но најниската цена за пристап, при што страда графиката, се сведува на i3 540, 3GB RAM и GeForce 460. The Elder Scrolls Online: Morrowind излегува на 6.јуни.

Black Desert Online доаѓа на Steam веќе од 24.мај, но слично со the Elder Scrolls: Online, оние корисници кои веќе ја имаат играта нема да можат ниту да добијат клуч за играта преку Steam ниту пак да направат пренос на акаунтот од една на друга платформа. И двете верзии, меѓутоа, на подеднакво ист начин се апдејтуваат и се одликуваат со потполно исти содржини.

Code Vein е најновата акциона RPG игра на Bandai Namco. Играта сѐ уште не е потврдена за PC, но таквото нешто е целосно можно, со оглед на тоа дека многу нивни игри ги има и на таквата платформа. Code Vein ви дозволува со партнер да истражувате и војувате низ најразлични фронтови, користејќи најразлични оружја, стилови и заедничка координација за преминување поголеми препреки. Пред да почнете да мислите дека се работи за генеричен опис на RPG игра, навистина би требало да го погледнете трејлерот, особено доколку отсекогаш сте сонувале за пост-апокалиптична аниме Dark Souls алтернатива.

Dota 2 започна со продажба на меѓународната борбена пропусница (The International Battle Pass). Сите оние кои ќе се одлучат да го дадат нивниот придонес ќе бидат пречекани со бројни пријатни изненадувања, најголемото од нив е Siltbreaker multiplayer кампањата. Опишана како кооперативна авантура во најцрните длабочини на Dark Reef, Siltbreaker ќе се испорачува во два дела (мај и јуни), а ќе понуди разновидни терени, грозни чудовишта, замки и други ужаси. 25% од парите собрани од пропусницата влегуваат во наградата од The International 2017.

The Long Dark е игра која е невообичаено долго време дел од програмата за ран пристап на Steam и, иако низ годините претрпе големи и содржителни промени, една работа никако да се имплементира, а тоа е кампања со приказна. Крајот и на таквото нешто се ближи и студиото вети дека првите две од петте предвидени епизоди за играта ќе излезат на 1 август. За тоа дали чекањето се исплати може да проверите и од следниов трејлер.

Ashes of Creation е ММО игра која беше финансирана на Kickstarter за само еден ден. Со уште 25 дена од кампањата и 1,300,000 долари, авторите ветуваат исклучително квалитетен продукт каде сезоните се менуваат, а уникатниот начин на кој се третираат квестовите, особено споредните, ви дозволува драматично влијание на дигиталниот свет. Дознајте повеќе за проектот тука!

Stalker: Lost Alpha Developer’s Cut е единствениот мод кој ќе ви биде потребен за оригиналната Stalker. По три години дополнителна работа од првобитното појавување на модот, тимот исфрли нешто неверојатно добро и скоцкано со бројни споредни квестови, но и забележителни подобрувања како во графиката така и во гејмплејот. Преземете го модот од Moddb.

Dirt 4 исфрли трејлер кој покажува дека ѓаволот е во деталите, особено доколку ја земете во предвид трошноста на автомобилите и влијанието на временските услови.  Четвртата верзија на хибридот кој, ако претходните верзии се некакви показатели, одлично спојува симулација и аркадно тркање, излегува на 9 јуни.

Outlast 2, една од подобрите хорор игри, ја ребалансира нормалната тежината со најновата закрпа, особено во одредени клучни области и моменти за да не се обесхрабрат гејмерите кои сакаат пофлексибилно искуство каде во прв план е приказната, а не предизвикот. Надополнувањето исправа и бројни багови, а и воведува одредени, суптилни подобрувања во играта.

Darksiders 3, долгоочекуваниот продолжеток за сагата на четирите коњаници, се поднови и со дванаесет минутен видео приказ каде точно можете да видите на што сè е спремна Fury за да докаже дека таа е најдобрата од сите. И во ваква високо-контролирана видео форма, играта и понатаму остава впечаток на незавршена, но со оглед на тоа дека Darksiders 3 излегува дури во 2018, студиото има уште многу време да поработи на финесите.

The Division и Rocket League се бесплатни викендов. Независно дали сте по неограниченото истражување на студената урбана џунгла или пак по откачен фудбал со возила, Stem ќе знае како да ви го разубави викендот. Доколку се одлучите да купите некоја од игриве, кои се и на попуст до 50%, напредокот автоматски се пренесува.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии