Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, дваесет и шесто издание.

WoW услугите на вашиот акаунт ќе станат поскапи за 25% од 5 април. Ваквото поскапување се имплементира за гејмерите во Европа и Велика Британија, а како причина се спомнува реакцијата од Brexit, намалувањето на фунтите и константната ниска вредност на еврото. Чисто за пример, трансфер на ликови од 20 евра ќе порасне на 25 евра, промена на името од 8 на 10 евра и така натаму.

Dark Souls 3 The Ringed City, второто и последното DLC предвидено за играта, излегува на 28 март, а ќе донесе нови босови, оружја и области за тестирање на вашите нерви. Најновиот трејлер прикажува само дел од лудилото кое ве очекува. Згора на сево ова, играта доби и закрпа која, меѓу другото, воведе и нови бесплатни мапи.

Bulletstorm Full Clip Edition е римастер на играта од 2011 година, а со оглед на тоа дека нејзиното излегување се наближува (7 април), Gearbox го исфрли launch трејлерот за играта. За повеќе информации за тоа што би можеле да очекувате од римастерот, упатете се тука!

Killing Floor 2 и Football Manager 2017 не само што се бесплатни викендот на Steam туку и се продаваат за двојно помалку пари од редовната цена. Независно дали сте по заедничко ликвидирање или пак за немилосрдно издигање на вашиот фудбалски тим, игрите спремно го чекаат вашето бесплатно преземање.

Брајан Фарго, челното лице зад феноменалните Westland 2 и Torment: Tides of Numenera изјави дека ќе се пензионира по исфрлувањето на Wasteland 3. Посветувајќи се на гејмерската индустрија повеќе од 35 години, Брајан смета дека третиот дел од пост апокалиптичниот серијал се чини како најдоброто време да се означи крајот на едното поглавје, а почеток на друго. До тој наслов, неговиот тим макотрпно работи и на The Bard’s Tale 4.

Sniper: Ghost Warrior 3 сѐ уште нема четврто одложување на играта, а според сите показатели снајперските должности повторно ќе можете да ги исполнувате на 25 април. До тогаш, погледнете низ 14 минути како изгледа Challenge модот, како и Side Ops режимот.

Titanfall 2 ќе добие бесплатно DLC, Colony Reborn. Додатокот ќе излезе на 30 март и ќе се одликува со надградена верзија на добро-познатата мапа Colony од оригиналната Тitanfall, a и ќе воведе ново оружје, нови изгледи, camos и callsigns. Во случај да сакате да ја проверите играта, од 30 март до 3 април, авторите ќе овозможат бесплатен пробен период преку клиентот Origin.

PlayerUnknown’s Battlegrounds конечно излезе и, иако е во ран пристап, фановите се чини дека се задоволни и допринесоа до 72% позитивни рецензии. Од студиото објаснуваат дека раниот пристап би траел околу шест месеци, но највеќе зависи од повратните информации кои ќе ги добиваат од играчите.

World of Warcraft е на работ на ново масовно надополнување. Верзијата 7.2. напаѓа на 28 март и испорачува ново поглавје Tomb of Sargeras, нова зона Broken Shore, нова зандана Cathedral of the Eternal Night, како и нови можности за отклучување суштества за летање, нови изгледи за оружја и легендарни предмети. Погледнете го трејлерот кој полека го поплочува патот за надополнувањето!

Ghost Recon Wildlands се поднови со 5GB тешко надополнување кое исправува и балансира бројни работи, сѐ со цел да се зголеми квалитетот и општото уживање во играта. Ништо премногу не се истакнува, но за целосен увид дефинитивно кликнете тука!

Call of Duty: Modern Warfare Remastered ќе добие четири класични мапи наскоро. Проширувањето веќе е излезено за PS4, а за PC гејмерите ќе излезе „наскоро“. Мапите на кои ќе можете да ги продолжите експлозивните пресметки се Broadcast, Chinatown, Creek и Killhouse. Експанзијата ќе се испорачува со 10 ретки supply drops.

Halo Wars 2 ги израдува стретешките фанови со ново DLC во кое водачот Морган Кинсано гостува со нови единици и способности во сите мултиплеер режими на играта. Kinsano leader DLC-то е вклучено како дел од сезонската пропусница или за одделна продажба по цена од 6 долари. Студиото кое стои зад играта вети по еден додаток од сличен калибар секој месец.

Orisa, 24 херој за Overwatch излезе и е достапна за сите играчи. Со оглед на самиот изглед, херојот е памалку способен за брзо преминување дестинации, а повеќе за впивање куршуми.  За да можат играчите да се привикнат на неа, Orisa цела недела нема да биде достапна во натпреварувачкиот оддел.

Destiny 2 би можеле да дојде побргу отколку што би можеле да очекувате. Еден постер, кој беше пратен на Kotaku од италијански продавач покажува дека Destiny 2 се подготвува да излезе на 8 септември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии