Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, дваесет и петто издание.

Counter-Strike: Global Offensive доби целосно нова мапа која се вика Canals и е заснована на историско познат град во Италија и со веродостојни и препознатливи елементи својствени за локацијата.

Dark Souls 3 и понатаму ја продолжува мисијата да разбуди што е можно повеќе тврдокорни мазохисти. Најновото DLC додава нови оружја, области и PvP мапи. The Ringed City излегува на 28 март.

Shadow Warrior 2 понуди уште бесплатни додатоци преку нивната експанзија Bounty Hunt Part 1. Проширувањето, кое излезе во петок, е колекција од 14 нови мисии, нови оружја и уште неколку дополнителни способности за Венг и компанијата.

Dawn of War 3 сѐ уште не е излезена, а авторите не сакаат ништо повеќе од експанзија, модел сличен на претходникот од 2009 година. Во поглед на помали додатоци авторите признаа дека е можно еден куп платежни DLC-a во форма на козметички предмети, а сѐ останато да биде испорачано во бесплатна форма. Играта излегува на 27 април.

Crawl е инди игра која е веќе две години дел од програмата за ран пристап на Steam. Со најновиот трејлер, авторите официјално потврдија дека се спремни да го исфрлат финалниот продукт на 11.април.

Civilization 6 има демо кое ви дозволува бесплатно да ја проверите играта. Со демото можете да се дружите сѐ додека не кликнете по шеесетти пат на копчето End Turn. Доколку ви се допадне виденото и сакате и понатаму да се дружите со оваа или некоја друга игра на издавачите , поголемиот дел од нивните игри се на попуст викендов на Steam.

Gwent Challenger е турнир организиран од CD Project RED и ESL со познатата игра со карти сместена во универзумот The Witcher. Најдобрите играчи од турнирот делат 100.000 долари. Навлезете во затворената бета за играта, а за подетални информации за турнирот упатете се тука!

Quake Champions полека, но сигурно продолжува со исфрлувањето трејлери за можните шампиони кои ќе преовладуваат во играта. Најновиот се вика Scalebearer и е одлично решение за тотално дробење на непријателите. Борете се за вашата шанса да навлезете во затворената бета тука!

Turok 2: Seeds of Evil е вториот римастер за сите љубители на диносауруси и нивно неповратно масакрирање со арсенал од оружја. Humble Bundle не само што го продава со 25% попуст, туку и ја подарува првата игра.

Sonic Mania е одложена дури до летото, а новиот трејлер има за цел барем малку да ги омекне разлутените фанови. Играта требаше да излезе на пролет, но наместо тоа Sega понуди една од класичните зони!

Microsoft изјави дека Windows 7/8.1 сопствениците на Intel Kaby Lake или AMD Ryzen CPU inside односно Qualcomm 8996 повеќе нема да можат да ги симнуваат најновите надополнувања. Таквите обиди ќе бидат пресретнати со пораката дека компјутерот користи процесор кој не е поддржан од OS верзијата и дека надополнувањето е неуспешно.

Rainbow Six Pro League дефинитивно ќе има Year Two, но од Ubisoft изјавија дека сите натпревари ќе бидат само за PC, што не беше ситуацијата со првата година, во која во борбата за 100 000 долари беа вклучени и Xbox One турнири.

Prey, долгоочекуваниот „продолжеток“ на првичниот хит ифрли уште еден трејлер кој целосно се посветува на четири членови на вонземните видови кои се познати по името The Typhon. Запознајте се со The Mimic, the Weaver, the Telepath и the Phantom и полека подгответе се за неизбежните пресметки на 5 мај.

Sniper: Ghost Warrior 3 не само што претрпе уште едно одложување туку и се поднови со нов трејлер кој ќе проба да ви даде увид за тоа каква приказна би можеле да очекувате. Играта, овој пат, предвидено е да излезе на 25 април.

Sailaway е симулатор кој конечно ќе ви дозволи да ги реализирате вашите амбиции за патување низ Тихиот Океан. Играта ќе се одликува со три бродови, различни нивоа на тежина, како и бројни можности да ги поканите пријателите да ви помогнат при пловењето или пак едноставно да се релаксираат. Ран пристап за играта ќе стапи на сила во април.

Space Hulk: Deathwing е наслов кој би требало да го проверите бидејќи неделава доби нови оружја, но и огромни надополнувања кои ја прават играта забележително подобра.

StarCraft Remastered и понатаму останува гласина, но неделава повторно почна да се шепоти за можен римастер кој би се појавил летово. Работата на HD верзија беше потврдена овојпат од корејскиот сајт Sports Seoul, но авторите уште еднаш се изјаснија дека не коментираат на гласини и шпекулации.

Mass Effect: Andromeda има нов трејлер кој овој пат се фокусира на мрежниот дел од играта. Во меѓувреме светот и понатаму си игра мајтап со катастрофално лошите анимации кои се под просекот и се несвојствени за едно студио како Bioware.

Full Throttle Remastered, по 22 години, конечно излегува на 18 април. Моментно, предвремена нарачка е можна само преку продавницата GOG, која ја продава и оваа и претходните игри на Double Fine со попусти до 80%.

Middle-earth: Shadow of War, по сѐ изгледа, целосно ќе ја засени првата игра. Најновиот гејмплеј приказ преповеда за огромни напади на тврдини, богат борбен систем и проширен Nemesis систем.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии