Гејминг новости од минатата недела #21

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, дваесет и прво издание.

Warhammer 40,000: Dawn of War 3 нè изненади неделава со трејлер кој ги прикажува трите игриви раси во вистинско светло. Погледнете што се случува кога ќе се судрат епските Space Marines со лукавите Eldar и со бесмилосните Orks.

EA Origin Access нуди бесплатен пробен период од 7 дена и од срце ви препорачуваме да ја искористите можноста бесплатно да уживате во игри како Battlefield 3 и 4, Dragon Age: Inquisition, Mass Effect 3 или новата Mirror’s Edge, односно Star Wars: Battlefront. За тие седум дена добивате и 10% попуст на скоро сѐ од продавницата, а по истекувањето можете да се посветите на месечна претплата од 4 евра или годишна од 25 евра.

Shadowverse, уште една од многуте алтернативи на играта со карти Hearthstone, ќе воведе ликови од универзумот на Street Fighter 5. Со тазе-најавената соработка со Capcom, оваа бесплатна игра ќе ви дозволи да ги придобиете на ваша страна борците Cammy, Chun Li, Juri, Ryu, M. Bison, Vega и Karin.

Obsidian повеќе не работи на играта Armored Warfare. Овој девелопер, најдобро познат по RPG игри, неколку години работеше на World of Tanks клон, за да конечно ги предаде уздите на рускиот издавач My.com. Се шушка дека промената настанала поради несогласувањето во креативните визии и дека издавачите сакале да ја направат играта само според желбите на рускиот пазар. Играта и понатаму е бесплатна за играње.

FlatOut 4: Total Insanity официјално пристигнува во април и испорачува 26 автомобили низ 20 динамични траки. На располагање ќе имате и бројни режими на играње, како (временско-ограничени) трки, арени и можност за изведување бројни трикови зад воланот.

Bundle Stars започна со нивниот традиционален BundleFest каде за многу малку пари нудат бројни Steam игри од сомнителен карактер. Во случај да сакате да си ја проширите библиотеката, упатете се на сајтот и дефинитивно купете го нивниот најнов Chaos Bundle.

Watch Dogs 2 има дополнителна сцена за крајот на играта, која, според фановите, го поплочува патот за идна локација за серијалот. Надградениот завршеток доаѓа како дел од огромната закрпа од 15 GB која, меѓу другото, го проширува светот со нови области, танцови и облека, а и ја подготви играта за идните DLC-а. Видеото е со новата сцена и имајте во предвид дека се можни спојлери.

Ghost Recon Wildlands започнува отворено бета тестирање од 23 до 27 февруари. Авторите сакаат да се приклучите на тестирањето до таа мера што направија трејлер специјално за таа прилика. Самата игра, меѓутоа, излегува на 7 март.

Battlefield 1 и зимското надополнување ги изненадува ветераните со враќањето на таканаречените ribbons од претходните игри, зголемен левел на Class Rank како и можности за исфрлување играчи директно преку менито од играта (од страна на админи) и проширени можности за гласање за мапи. На располагање имате 20 рибони, а левелот е зголемен од 10 на 50.

Redeemer е акциона игра која се поставува некаде помеѓу God of War и Hotline Miami. На пролет, играта ќе ви дозволи да усмртите легија непријатели со тупаници, ладни, но и огнени оружја во кампања за еден играч или арена режим на играње каде треба да опстанете што е можно подолго.

Nvidia и AMD, во пресрет на игрите For Honor, Sniper Elite 4 и Halo Wars 2, исфрлија надградени верзии на драјверите за нивните картички. Пред да се втурнете викендов во некој од овие наслови првин погрижете се да исталирате 378.66 WHQL за Nvidia и 17.2.1 ReLive за AMD затоа што новите верзии допринесуваат до 5% пофлуидно гејмерско искуство.

League of Legends practice tool конечно излезе. Најавен уште на есен претходната година, алатката ве поставува во едноставна околина за еден играч и ви дозволува да тестирате најразлични тактики и да тренирате без да губите време во custom игри. За подетални информации консултирајте се тука!

Starbound, симпатичниот дводимензионален Minecraft клон во научно фантастично опкружување, вети дека ќе го подобри патувањето низ вселената со идните надополнувања и ќе ви дозволи слободно да летате низ бројните ѕвездени системи со серија од нови возила.

Vampire: The Masquerade – We Eat Blood е новата Masquerade игра која никој не ја очекуваше. Играта е достапна за Steam, iTunes и Google Play и ги преточува креативни сили од богатиот свет на White Wolf во приказна преку sms пораки.

Payday 3 официјално се најави, но, според развојното студио, ќе помине многу време пред да биде готова затоа што никако не сакаат да брзаат. Payday 2 e излезена пред четири години и сѐ уште добива значителни надополнувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии