Гејминг новости од минатата недела #19

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деветнаесетто издание.

Sniper: Ghost Warrior 3 има отворена бета во која се вклучени две мисии за еден играч. Отворената бета трае сѐ дo 5 февруари, а за да станете дел од неа кликнете тука!

Rainbow Six Siege е бесплатна за играње викендов и тоа преку Steam. За време на претходната година, играта привлече стабилна база играчи и често се подобруваше со исправки, новитети и додатоци. Играта е бесплатна за сите до 6 февруари, а и се продава со 50% попуст.

Total War: Warhammer, најновата игра од TW серијалот, е дел од најновиот месечен пакет од Humble Bundle. По цена од 12 долари го добивате овој озбилен кандидат за стратегија на годината заедно со уште седум други игри.

Play for Peru е уште еден пакет од игри чии средства ќе бидат донирани на оштетените семејства од поплавите во Боливија, Чиле и Перу. Направете убава работа викендов и играјте игри кои сте ги добиле преку донирање за добротворна цел.

Sniper Elite 4 потврди дека поддршката за DirectX 12 ќе биде овозможена на уште на самиот старт. Играта е планирана да пристигне токму на денот на вљубените, односно на 14 февруари.

Stellaris: Utopia е најновата експанзија за уште една наша омилена стратегија, а има за цел да ви дозволи да создавате мега структури за исклучително ниво на одбрана на вашите светови.

Џон Кармак е видно лут од пресудата која судот ја донесе во корист на ZeniMax. По изречената пресуда, според која Oculus треба да плати оштета од 500 милиони долари, човекот го помина денот објаснувајќи на Facebook колку сево ова не е фер и дека тој никогаш не вложил напори да крие или брише докази и дека авторите на Oculis никогаш не ни имале пристап до пресудниот Id C++ VR код.

Titanfall 2 и новиот Live Wire режим на играње, кој треба да излезе овој месец, заедно со мапата Colony,  е 6п6 мод кој потсетува на Capture the Flag, но ви дава само 60 секунди да го елиминирате спротивниот тим или да го посетувате знамето по истекување на времето.

Ubisoft, со цел подобро промовирање на Ghost Recon Wildlands, прави документарец за вистинска трговија со дрога во Боливија. Ваквиот документарец ќе излезе на 6 март, ден пред излегувањето на играта, а ќе биде стримуван преку соодветен сервис за стримување (претпоставуваме Steam би бил еден од нив)

Galactic Civilizations 3 Crusade е најновата експанзија која се најави за оваа стратегија на Stardock. Проширувањето излегува на пролет и донесува надграден графички енџин, нова кампања, нови вонземјани и неколку раздлабочувања на целокупните алатки за доминација.

Nvidia кодови за игри кои доаѓаат бесплатно со купена графичка карта нема да можат повеќе да се продаваат или подаруваат туку ќе можат да се искористат само на компјутерот кој ја имаа соодветната карта.

Denuvo, злогласната DRM заштита за која се веруваше дека е скоро невозможна за разбивање ги губи битките на повеќе фронтови. Феноменалната Resident Evil 7 беше кракната само за недела дена, а штотуку излезената Conan Exiles се појави на пиратските сајтови по еден ден, кога ваквата заштита по грешка не беше активирана со новото надополнување.

Европската комисија истражува дали Valve спроведува анти-конкурентски пракси на сметка на географските ограничувања и нуди нефер цени на европските купувачи. Покрај ова, комисијата ги истражува причините поради кои пет издавачи имаат поставено забрани за продавање или пак продавање со повисоки цени на нивни игри во Европа.

Sea of Thieves се поднови со трејлер кој прикажува осум-минутно барање богатство, борби со пирати и бесцелно поправање бродови. Сите оние кои позитивно гледаат на сè што има допирни точки со пиратите, би требало со огромно внимание да го следат развојот на играта.

G2A продавницата за продавање дигитални клучеви за игри од кого било, одржа AMA сесија на reddit и да се каже дека посетителите и посакаа топло добредојде би било екстремно потценување. Се поставуваа прашања како можат да работат нешто што оди во штета на развивачите (бидејќи развивачите не земаат процент од продажбите), а и ги обвинуваа дека продаваат украдени или нефункционални клучеви, на што G2A претставниците се изјаснија дека имаат тим од 100 луѓе кои работат на тоа да стават крај на повеќето проблеми со таквата злоупотреба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии