Гејминг новости од минатата недела #10

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, десетто издание.

За време на овогодишниот неформален глобален празник познат како Black Friday/Cyber Monday, поголемиот број видни продавници на игри започнаа со распродажба на дигитални клучеви. Информирајте се правилно со нашиот водич за продавници!

Dishonored 2 доби содржителна закрпа која се труди да ги поправи техничките проблеми од кои страда играта. Закрпата доаѓа во бета форма и за да проверите колку го подобрува искуството, потребно е да ги наместите соодветните поставки во Steam клиентот (десен клик на играта -> properties -> betas). Во случај да не сте сигурни за тоа дали е ова игра за вас, прочитајте што мисли светот за неа.

slika-7

Conan Exiles е најновото чедо од Funcom, мајсторите кои стојат за феноменалната ММО игра The Secret World. Авантурите со нашиот омилен варварин ќе започнат како во форма на пристап на 31 јануари 2017 година, првин за PC, а потоа и за конзолите.  Гејмплејот ќе биде интегриран во отворен свет, со системи за истражување, борба и градење.

Uncharted 4: Survival е ко-оп режим на играње каде, слично на Gears of War 4, ќе бидете соочени со 50 бранови од непријатели контролирани од вештачката интелигенција. На вас се остава да градите одбрани, да го надградувате вашиот лик, но и да тактизирате со останатите за да остварите различни цели (како собирање богатства или елиминирање одредени типови непријатели). Режимот се појавува во средина на декември.

Ubisoft, како што неколку пати известувавме, слави 30 годишнина така што поклонува по една игра секој месец. Последната од игрите кои ги поклонува е Assassin’s Creed III, а бесплатното преземање ќе започне од 7-ми декември. Покрај овој начин на славење, француските издавачи имаат припремено по едно изненадување за секој ден во наредните триесет дена. Првото од таквите изненадувања е мобилната верзија на Rayman Classic. За увид во сите награди, проверувајте тука! Поголемиот дел од дневните „изненадувања“, меѓутоа, се во форма на дигитални постери, слики и декорации, но дефинитивно би сакале да споменеме дека 300 копии од трите најнови игри на Ubisoft ќе се доделат на најсреќните и најбрзите посетители на 09 декември, а на 15, 16, 17 и 18 декември уште еднаш ќе се подарат на сите Prince of Persia, Rayman Legends, Splinter Cell и The Crew.

slika-6

World of Warcraft слави 12 години од постоењето и сите кои ќе се најават до 30 ноември добиваат пакет од 200 Timewarped значки и можност да го зголемат интензитетот на собирање искуство и репутација. Играчите имаат на располагање и специјален квест, играње тривијални игри, како и можност да купат неодолив животински сопатник.

slika-5

Amnesia Collection, задолжителна лектира за сите кои сакаат да се исплашат до бесвест, конечно стана достапна за PS4 гејмерите. Колекцијата чини 30 долари, а она што се крие во нејзината внатрешност се класиците Amnesia: A Machine For Pigs, Amnesia: Justine и Amnesia: The Dark Descent.

Saints Row IV конечно воведе поддршка за Steam Workshop и ви дозволува олеснето да пронаоѓате и инсталирате модови за играта. Се чекаше толку време затоа што играта не беше замислена да пружа поддршки за модови и авторите мораа да работат во нивно слободно време за да ја овозможат интеграцијата.

slika-1

The Walking Dead: A New Frontier е третата сезона од популарниот серијал на Telltale. Како и со претходните две сезони, така и третата ќе ги продолжи патешествијата на Клем низ пет нови епизоди. Првата епизода се појавува на 20 декември, а детален увид за тоа што би ве очекувало добивате на 1 декември, за време на The Game Awards.

Minecraft: Console Edition ќе го добие надополнување во декември. Прикажано како најголемото надополнување за целата година, закрпата ќе донесе нови мобови, блокови, предмети, ефекти и неброени исправки. Ваквите најавени надополнување веќе постојат во една или друга форма за PC/ Mac верзијата, но не и со Windows 10 едицијата затоа што таа е не е ништо повеќе од пресликана форма на Pocket едицијата.

slika-2

Starcraft 2 се поднови со новата кодна верзија 3.8.0 и, како таква, се одликува со промени како во режимот со едно лице, така и во мрежниот дел од играта. Имено, последниот, трет пакет за Nova Covert Ops е достапен за сите сопственици на сезонската пропусница, додадена е нова ко-оп мисија наречена Miner Evacuation, а мрежниот дел е забележително променет и нуди редизајнирани и променети способности на војните единици.

Origin доби корисна надградба и им овозможува на купувачите да ставаат игри во wish листи, како и да купуваат игри и да ги подаруваат на другите играчи. Таквото нешто е овозможено за игри или DLC кои се во сопственост на ЕА, но не и на другите издавачи. Ваквите услуги се појавија паралелно со моментната распродажба.

slika3

Outlast 2 развивачите, Red Barrels, започнаа кикстартер кампања за пелени кои би ви биле исклучително корисни во моменти кога го играте продолжетокот на една од најстрашните игри на сите времиња. Не, не се шегуваме, слободно допроцесирајте ја информацијата додека ги гледате пелените во акција.

FIFA 17 е бесплатна за играње викедов. За време на пробниот период, кој не смее да е повеќе од 10 часа, заинтересираните тестери ќе можат да ги проверат сите аспекти од играта и, доколку им се допадне тоа што ќе го видат, ќе можат да продолжат од онаму каде што застанале по купување на играта. Имајте предвид дека играта е со големина од 42GB.

slika-4

За крај, мало потсетување дека најновата епизода на GG.MK има не еден, туку двајца гости, Doom се игра на MacBook Pro, а и се номинираа најдобрите игри за The Game Awards 2016.

Која вест највеќе ви се допадна? Која пропуштивме? Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии