Гејмификација на послушноста, Кина со социјална алатка сака да создаде покорни граѓани

Кинеските власти пронајдоа нов начин да се справат со дисидентите и незадоволните граѓани. Алатката ја изработи Sesame Credit, финансискиот оддел на Alibaba. Алатката покажува колку некој граѓанин е послушен, барем кога власта е во прашање.

Системот е изработен под покровителство на Tencent, компанијата која е сопственик на Riot Games, но има и удел во Epic Games и Activision Blizzard. Компанијата има удел и во Alibaba, и е највредната кинеска техничка компанија. Tencent на проектот не соработува со Alibaba, двете компании работат паралелно на различни проекти, Sesame Credit е проект на Alibaba. Кинеските власти сè уште не го избрале финалното решение. (Му благодариме на Александар Трпески кој го посочи овој пропуст.)

За секоја споделена вест која е позитивно наклонета кон Кина (властите, економијата…) граѓаните добиваат поени. Ако веста која е споделена ги прикажува во негативно светло властите или државата тогаш корисникот добива негативни поени. Граѓаните кои имаат повисок број на поени имаат низа придобивки, на пример можат полесно да добијат документи за патување или полесно да дојдат до заем. Системот може да презема податоци од друштвените мрежи, но и од онлајн купувањата. Така позитивни поени се добиваат за купување домашни производи, но за увоз на роба од друга држава можеби ќе следат и негативни поени. Поени ќе се добиваат и за плаќање на сметките, казните и кредитите на време.

Системот засега нема казна за граѓаните со низок број на поени, но се спомнува дека во иднина тоа би можело да се случи. Дел од казните кои се споменати се; намалување на интернет брзината или недостапност на некои работни места за овие граѓани. Сепак ова не е најодвратниот дел на гејмификацијaта. Sesame Credit е и друштвена мрежа, па оценката на секој граѓанин зависи и од оценките на неговите пријатели на друштвената мрежа.

Ако ова е точно, ваквата гејмифкација може да стане најопасна алатка за „вкалапување“ на граѓаните. Не ви се допаѓа некоја мерка; го споделувате ова на друштвените мрежи и не ви е грижа за социјалниот статус на апликацијата? Наскоро можеби пријателите ќе започнат да ве убедуваат во спротивното или да ве молат да намалите со објавите. Ако продолжите тогаш можеби најактивните пријатели ќе ве избришат од мрежата познаници.

Системот ќе стане задолжителен за сите во 2020 година, јави BBC во 2015. За тогаш се споменува и примената на негативните мерки. За повеќе податоци, погледнете го видеото на Extra Credits од EscapistMagazine.

2 коментари на “Гејмификација на послушноста, Кина со социјална алатка сака да создаде покорни граѓани

  1. Се извинувам, но колку ви е релевантна оваа вест?

    Вистинитоста на видеото врз кое се базирате не е воопшто како што е прикажано според моето познавање на Sesame Credit.
    За почеток на вакви Youtube видеа може што сакате да претставите бидејќи иницијално Кина нема пристап до Youtube и нема кој да ви го демантира истото :\

    Во моето познавање на Sesame Credit барем како што го има претставено Jack Ma кон остатокот на светот воопшто не станува збор за истата платформа како во видеото.

    Во коментарите на самото видео има одредена личност од Кина што го демантира самото видео:
    https://www.youtube.com/watch?v=lHcTKWiZ8sI&lc=z12ielpgssrac3d1m22mzflirqrjyzwav04

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии