Гејмерски столици, луксуз или неопходност?

Столчињата кои ги користиме додека работиме или играме на компјутер, најчесто не ги сметаме за премногу важни додека немаме некој проблем поврзан со телото. Продолженото седење може да предизвика сериозни проблеми на грбот, па иако столицата е ергономична сепак мора да се станува од неа на одредени интервали.

Доколку седите повеќе од шест часа во денот, тогаш препораките се станување еднаш во час и најмалку 3о минути активност во текот на денот. Доколку ова ви се чини малку, друга препорака е да го поделите седењето на циклуси од: 20 минути седење, 8 минути стоење и 2 минути движење.

Ова не значи дека додека седите треба да ви биде неудобно и постојано да се обидувате да пронајдете поудобна положба. На форумот има интересна дискусија околу квалитетот на столчињата кои може да се најдат кај нас, нивна цена, но и колку е оправдано да се користи терминот „гејминг“ за столчиња.

„Столицата, бирото и мониторот се најбитни работи за продуктивност… Квалитетна столица под 300 евра не наоѓате, кај тие столици до 100 евра што се најчесто им се расипува механизмот и со текот на времето им се намалува удобноста исто така тоа сунѓерот од самото седење на нив (ако се седи по цел ден) ќе биде како дупка… “, вели членот Harrabed.

Дел од учесниците во дискусијата на форумот не се убедени помеѓу разликата во столчињата. Можеби главната причина за ова е што најдобрите столчиња сепак не се носат кај нас.

„Колку се наивни овие коментари ‘ти треба удобен стол за да не станеш од него цел ден ако треба’ ;) Пријателски совет е да стануваш најмногу на секои 30 мин, па еве да речеме ако е дота партија да не станеш и нешто повеќе од 1 час. Не можам да разберам како гејмингот може да биде побитен од здравјето, особено на р’бетниот столб! Тој трпи непоправлива штета и последиците си ги носите цел живот, со тенденција на старост да се мултиплицираат и максимално усложнат животот.“, додава Costagian Jr.

Кога е во прашање апсолутниот минимум, еве што има да каже членот FLEGMA:

„Апсолутен минимум треба да биде IKEA столица со декларирана тежина. Овие во Македонија се варијации на еден ист амортизер и различни седишта. Амортизерите се со пластична пиксна од лоша пластика која отвора луфта и потоа балансираш со грбот. Има кременадлите да ти отпаднат.“

Инаку најголем дел од столчињата предложени во дискусијата се поскапи, нивната цена е над 200 евра, иако има предлози и за столчиња кои се околу 5.000 денари. Сепак без разлика кое столче ќе го купите, без разлика на цената и квалитетот, ништо нема да помогне доколку седите неправилно.

Столчињата кои се препорачани на форумот на ИТ.МК може да ги најдете во некоја од следните продавници:

За повеќе податоци, да споделите ваше искуство или информации приклучете се на дискусијата на ИТ форумот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии