Гејмерите стануваат попаметни потрошувачи, пребаруваат повеќе и порано, вели Google

Гејмерите се повеќе планираат, истражуваат и ги разгледуваат видео игрите пред да ги купат. Се ова се случува многу порано (речиси шест месеци) пред да излезат игрите. Дури и потоа гејмерите разгледуваат и читаат рецензии, но се вклучуваат и во дискусии за стратегии и за купување на додатоци уште четири месеци откако игрите ќе излезат во продажба. Ова се само дел од резултатите на анализата на Google во документот „Разберете го модерниот гејмер“.

Податоците објавени во документот се базирани на стотици милиони претражувања, кои се центрирани околу 20 најпродавани игри. Резултатите на ова се дека пребарувањатаод десктоп се зголемени за 20 проценти, а пребарувањата од преносни уреди и телефони се зголемени за 168 проценти.

Истражувањето покажува дека навиките на гејмерите се менуваат, и поголем дел од играчите (40 проценти) сега ги проверуваат игрите кои сакаат да ги играат шест месеци пред играта да излезе.

Во првиот период најбарани се датата на излегување, трејлери, слики, прегледи и демо на играта. Во периодот потоа најбарани се совети, рецензии, слики, дополнителни содржини и слично.

Покрај ова продажбата на игри е во корелација со кликовите на AdWords. Според ова 84 отсто од продажбите можат точно да бидат предвидени. Анализата на Google е дека игра со 250.000 клика во десетте месеци пред да излезе ќе се продаде во 2 до 4 милиони премероци во првиот месец.

Анализата на Google покажала дека најснаодливи во новата ера, барем засега се EA Games кој успешно ги одредиле клучните моменти за маркетинг. На пример кампањата за Medal of Honor: Warfighter која излегува во 2013 е веќе започната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии