Гејмерите го принудија Bioware да го доработи крајот на Mass Effect 3

Еден месец по петицијата на разочараните обожаватели на серијалот Mass Effect, Bioware вети дека ќе го дообработи крајот на играта. Но, Bioware објасни дека нема да има промени во крајот на играта единстевно некои работи од завршницата ќе бидат појасни, што ќе ги задоволи само оној дел од играчите кои го следеа серијалот и кои се залагаа за разјаснувањето.

„Од излегувањето имавме доволно време да ги послушаме најверните обожаватели и одговараме на барањето. Со Mass Effect 3: Extendet Cut се надеваме дека ќе ги обезбедиме одговорите кои ги бараат обожавателите, а истовремено ќе ја задржиме уметничката замисла за крајот на Mass Effect серијалот.“, вели ко-оснвачот на Bioware, Реј Мазука.

Се започна со „Retake Mass Effect“ кампањата и замерките кои обожавателите ги имаа кон неисполнетото ветување дека изборот на играчите ќе има влијание на конечниот исход на приказната. За да не бидат погрешно разбрани фановите во кампањата донираа пари за „Child’s Play“ фондот, (сепак и покрај соопштенијата некој од фановите мислеа дека донираат за промена на играта и целата акција пропадна).

Дали обожавателите победија? Мое лично мислење е дека никој не победи, можеби на краток рок ова ќе изгледа на победа, но за да го добијат својот, се надевам посакуван крај, дизајнерите на Mass Effect 3 мораа да се откажат од креативната слобода која ја имаат како уметници. Не знам дали на игачите кои ја поддржуваат промената некогаш им текнало да започнат акција за промена на крај на филм, изглед на скулптура, промена на рефрен во некоја песна или слично. На пример да се смени смртта на Боромир во „Господарот на Прстените“! Мое убедување е дека дури и некои од гејмерите кој тврдат дека игрите се уметност не веруваат во тоа. Во спротивно ќе им дозволеа на креаорите да ја раскажат приказната која сакаа да ја презентираат, наместо да бараат промена.


Сепак во еден дел морам да се согласам со играчите на Mass Effect 3. BioWare не го исполнува своето ветување за десеттина потполно различни завршници, а се чини дека ја потценија приврзаноста на обожавателите за серијалот и ликовите од играта. За волку долг серијал кој има волкав број на фанатични обожаватели мораше да има подобра завршница. Завршница која ќе беше епска колку и самата игра!

Ok, за некои можеби Mass Effect 3 и не е ремек дело, ама тоа не значи дека не е уметничка форма. Ако не ви се допаѓа крајот на некоја игра, седнете и кодирајте само во овој случај ќе можете да бидете 100% сигурни дека ќе ви се допаѓа крајот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии