Гејб Њуел гостува во Dota 2 и ве известува за вашиот напредок во играта

Dota 2 е исклучително популарна, бесплатна игра. Како и со сите игри на Valve, така и оваа содржи исклучително зависни елементи, особено во делот со најавувачи, информирање и бодрење на вашиот напредок. Гејб Њуел реши да го даде неговиот допринес и гостува во Dota 2 во форма на нов deadpan voice pack. Начинот на кој го одбра тоа, не би можел да биде пооткачен и пооригинален.

Да, ако го одгледате видеото, тогаш точно знаете дека е невозможно за човекот да го каже бројот 3, а милионите фанови и понатаму остануваат да се надеваат дека некогаш и некако ќе излезе Team Fortress 3, Portal 3, Left 4 Dead 3, и, секако, Half-Life 3.

Претпоставуваме дека за многумина фанови, ваквото излагање на Гејб е вистинско освежување, особено за Dota 2 фановите. Во случај и вие да ја играте Dota 2, овој пакет од гласови е вклучен во меѓународната борбена пропусница (The International Battle Pass), но чини 10 долари. 25% од сите продажби одат директно во главната награда од настанот, која моментно изнесува неверојатни 25 милиони долари.

Во случај да не играте Dota 2, или пак не сакате да дадете 500 денари за сезонската пропусница, направете го она што го направивме ние и преслушајте ги сите работи кои Гејб Њуел ги зборува преку следново видео.

1 коментар на “Гејб Њуел гостува во Dota 2 и ве известува за вашиот напредок во играта

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии