Гејб Њуел и Ерик Џонсон: Ако се врати забраната за имиграција, Dota 2 International ќе се сели

И Valve се соочува со проблеми поради забраната за имиграција и отежнувањето во доделување на визи. Очекувано, како и кај останатите технолошки комании, проблем е регрутирањето на квалитетен кадар, но и визи за настани како International.

Спортистите во САД влегуваат со P-1A виза, но по промената на администрацијата влезот во САД е отежнат за дел од е-спортистите. Компанијата откри дека има проблеми со обезбедувањето на виза за играчите. Гејб Њуел и Ерик Џонсон објаснија дел од проблемите за PC Gamer.

Најголемиот проблем е што е-спортот е во толку рана фаза, што го прави статусот на натпреварувачите тежок за признавање. Пред само 2 години, на International 2014 еден од тимовите CIS-Game не успеа да влезе поради проблеми со визите. Ова се случи иако уште од 2013 исклучителни гејмери можат да влезат во САД со спортска виза. Сепак препознавањето на е-спортитстите е потешко. Оперските пејачи и нобеловците, ги препознаваат, но во Стејт департментот не знаат кои се популарните е-спортисти.

Сепак, во Valve се решени ова да не се повтори и размислуваат дури и да го преселат натпреварот.

„International ќе се одржи без разлика на сѐ. Во идеален случај ќе биде тука (Сиетл), има низа предности бидејќи сме блиску до седиштето. Настанот ќе се одржи. Ако стане премногу комплицирано ќе пронајдеме начин.“, вели Ерик Џонсон.

Двајцата открија и дека имаат вработени кои не можат да ги напуштат САД. Проблемот секако не е напуштањето на државата, туку неизвесноста за враќањето. Поради ова на своите вработени им советуваат да не ја напуштаат државата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии