Гејб Њувел: Во Linux е иднината на гејмингот

Гејб Њувел, еден од ко-основачите на Valve, на овогодинешното издание на LinuxCon најави големи новости во текот на следниот период, а се однесуваа за Linux како платформа за играње.

Можеби сеуште е рано да се потврди дека Linux ќе стане успешна гејминг платформа, бидејќи во моментот држи помалку од еден процент на пазарот според број на играчи, изиграни минути и заработка. Но, од Valve ќе направат сè за Linux да биде иднината на гејмингот заедно со Steambox.

Инаку, во текот на февруари оваа година Valve го претстави Steam за Linux кој веќе брои скоро 200 игри или поточно 198 игри. Њувел потврди дека Linux базираниот Steambox ќе се натпреварува со играчките конзоли како што се PS, Xbox и Nintendo, а од компанијата работат на подобрување на работата на Steam на ТВ.

„Во текот на следната недела ќе откриеме повеќе информации за како стигнавме до таму и кои се хардверските можности кои ги гледаме ние за доведување на Linux во дневните соби“, изјави Њувел.

Според Њувел, затворените платформи ќе изгубат од отворените, бидејќи тие дозволуваат иновации. „Системите кои се innovation-friendly и ја поттикнува отвореноста ќе имаат подобра предност пред своите конкуренти од затворен тип“.

Целиот настап на Гејб Њувел можете да го погледнете во видеото подолу.

[youtube]http://youtu.be/Gzn6E2m3otg[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии