GeForce Now сега е достапен и за Chromebook уреди

GeForce Now, стриминг сервисот кој го тестиравме пред некое време, сега е достапен и за Chromebook уреди. Иако претходно истиот беше достапен за голем број различни уреди, Chromebook не беа на листата, веројатно поради хардверските побарувања.

И иако гејминг не е воопшто фокусот на Chrome OS, фактот што имате поддршка за GeForce Now значи дека дури и кога патувате, ќе имате пристап до вашите игри. Секако, овде се претпоставува дека имате уред кој може да понуди доволно од хардверска гледна точка, како и добра интернет конекција.

Она што е неочекувано е што Nvidia воопшто не ве ограничува доколку сакате да пристапите до GeForce Now од вашиот Chromebook, без оглед на хардверот внатре. Но, од компанијата имаат некои минимални хардверски побарувања за кои можат да гарантираат добро искуство. Минимумот кај процесорите е Intel Core M3, од седма генерација или понов, или некој од Core i3, Core i5 или Core i7 процесорите, и интегрирана графичка картичка како Intel HD Graphics 600, или подобра. Покрај ова, убаво е да имате барем 4GB RAM, како и конекција со симетрична брзина од барем 15Mbps.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии