Gears 5 е бесплатна до 12 април, доволно време за кампањата и проверка на мултипеерот

Gears 5 е една од најдобрите игри кои можевме да ги играме како дел од феноменалната Xbox Game Pass. Но, доколку од некоја причина не можете да се претплатите, петтата игра од овој серијал е бесплатна за сите до 12 април.

Зошто мислиме дека ова е повеќе од одлично време? Под услов да ја симнете играта денес, имате цели три дена за нејзино играње што, сметаме, е повеќе од доволно време. Имено, кампањата трае околу 10 часа, што значи, без проблем можете соодветно да си ги организирате гејминг сесиите, а, со малку поголема реорганизација, би можеле и комотно да се втурнете во неколку мрежни сесии.

Дополнително, ако ја заиграте играта до 20 април, ќе добиете Batista Bomb егзекуција и нов изглед, што, доколку некогаш планирате да ја купите играта, никако не е за потценување.

Gears 5 e бесплатна на Windows Store, но и на Steam.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии