Gather Town e платформата која не знаете дека ви е потребна

Пандемијата на Ковид-19 полека привршува, но ќе помине време пред да се вратиме во нормала. Ако ви недостасуваат средбите и состаноците со колегите или соучениците Gather Town нема да ги замени, ама може да ви биди супер интересна замена.

Платформата е наменета за видео конференции или виртуелна канцеларија, но со интересни проширувања. На пример покрај главниот дел, кој е сличен како и кај другите видео платформи има уште еден кој овозможува дружење во помали групи.

Видео разговори со чуден додаток

Целата платформа помалку наликува на постара видеоигра. Корисниците креираат свои аватари кој ги движат во виртуелниот свет. Тие можат и да разговараат помеѓу себе со видео или аудио повици. Благодарение на технологијата која се користи можат да ги слушнат сите гласови, но гласовите на корисниците кои се поблиску во виртуелниот свет ги слушаат погласно. Гласовите на корисниците кои се подалеку се потивки.

Секако слушање на сите луѓе наоколу е одличен рецепт за хаос. За да се избегне ова Gather Town овозможува креирање на приватен простор. Во овој простор се споделува единствено гласот или видеото од корисниците кои се во просторот.

На сите кои барем некогаш поиграле некоја игра на десктоп командите ќе им бидат познати. Копчињата WASD се користат за движење во светот „X“ и „Space“ се користат за интеракција со објектите. Креаторот на мапата може да додаде различни објекти. Некои од нив овозможуваат играње на видеоигра, некои се постери, некои се видеа, а има и табли, фајлови за преземања или пораки.

Корисникот самиот може да го прилагоди делот во кој работи со додавање на различни предмети кои веќе постојат, како растенија, шољи за кафе, пораки и слично. Дополнително платформата овозможува и креирање на статуси кои ќе им „кажат“ на колегите што работите во моментот.

За состаноци со повеќе луѓе функционалноста „во фокус“ (spotlight) овозможува еден корисник да емитува аудио и видео за сите во „собата“ и истовремено го исклучува звукот од далечните корисници. За овие презентации може да се споделува екран или апликација.

Корисниците сами може да креираат мапи и да додаваат различни елементи, што ќе овозможи дополнителна персонализација на просторот.

Колку навистина платформата ќе ви биде корисна веројатно треба да проверите и да видите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии