Гасењето на Megaupload само ја помести дистрибуцијата на пиратската содржина, се вели во истражување

Иако Megaupload имаше 50 милиони корисници дневно кои споделуваат купишта пиратски линкови, сепак неговото гасење не помогна да се намали пиратеријата, се вели во истражувањето на фирмата за анализа на интернет сообраќај DeepField Networks.

Според истражувањето направено од шест компании кои складираат податоци, вкупно компаниите се ангажирани за 80 отсто од сиот сообраќај со пренос на фајлови, Megaupload играл голема улога во споделувањето. Дури 40 отсто од споделувањето на фајлови одело преку сајтот. Понекогаш податоците кои се префрлувале низ Megaupload земале 2 до 3 отсто од вкупниот глобален сообраќај! Тоа се неверојатно многу фајлови.

Но, со неговото гасење тој сообраќај не се прекина, туку едноставно дистрибуцијата се префрли на други сервиси. Многу податоци се префрлиле веднаш на RapidShare, Putlocker и MediaFire. И овие сајтови се oбвинети од американските власти и забавната индустрија дека ја потпомагаат пиратеријата.

Еве статистика од DeepField за споделување на податоци на 18 јануари, и на 19-ти јануари кога Megaupload беше исклучен:

Друга студија од Универзитетот на Минесота покажа дека пиратеријата и наштетува финансиски на индустријата само поради одоговлекувањето на премиерите, односно нивно поместување во различни земји. Според истражувачите, самата пиратерија не и наштетува на индустријата доколку премиерите и објавувањето на содржина е временско според очекувањата на интернационалните фанови.

1 коментар на “Гасењето на Megaupload само ја помести дистрибуцијата на пиратската содржина, се вели во истражување

  1. Тие шо истражуваат појма немат, колку само сајтови се затворија, некои и се продадоа… се изгуби милиони TB фајлови. И тоа доста влијаеше врз пиратеријата, а и сеуште влијае.

    И MediaFire воопшто не влијае врз пиратеријата. Сите се префрлија на RS, NetLoad.In, Ul.To и BitShare.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии