Гасење на коментарите е грешка, вели дигиталниот шеф на Guardian

Дигиталното новинарство мора да вклучува разговор со публиката, и во оваa комуникација коментарите се клучни, а нивното отстранување е огромна грешка, вели Арон Пилхофер, дигитален уредник на Guardian. Г. Пилхофер зборуваше за проблемот со кој се соочуваат медиумите со несоодветни коментари. Наместо модерирање, многу медиуми решаваат едноставно да ги изгасат коментарите. Ваквиот тренд ќе може да го забележите и кај македонските медиуми. Но, тоа е погрешно.

„Забележувате, сајтот откако ќе ги укине коментарите се оддалечува од својата публика – ова е огромна грешка. Секој сајт кој ќе ги укине коментарите е добивка за сајтовите како нашиот. На читателите им е потребна и заслужуваат можност да се искажат. Тие мора да бидат јадро на нашето новинарство“, вели г.Пилхофер на News Rewired конференцијата.

И покрај тоа што голем дел од медумите имаат замерки на сајтови како Buzzfeed и Upworthy, г. Пилхофер смета дека нивниот успех се должи на одличен продукт кој точно знае која е неговата таргет публика. Знаат како да се поврзаат со оваа публика и знаат кога успеале и кога не успеале. Guardian или New York Times не треба да го следат овој пат, но мора да разберат многу подобар што прави и како го прави тоа Buzzfeed.

„Кога зборувате за дигитална трансформација, најчесто доаѓа до поделба. Дискусијата е печатени медиуми против дигитални медиуми, ова се глупости. Во ова сме заедно. Целата редакција треба да биде вклучена во ова – сите. Имаме среќа да бидеме индустрија во која одличното известување, уредништвото и презентирањето на сториите се подеднакво важни, дури и поважни на дигиталните отколку на традиционалните платформи. Мора да се движиме кон иднината заедно и верувам дека може да го постигнеме ова“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии