Garmin и Tactio Health Group заедно ќе се обидат да им помогнат на возрасните

Еден од најголемите производители на преносни компјутери, Garmin и телездравствената компанија Tactio Health Group, најавија соработка. Ова ќе овозможи уредите на Garmin да се користат како дополнителни уреди кои преку Bluetooth ќе се поврзат со сензорите.

Преку куп сензори се следи работата на срцето, пулсот, крвниот притисокот и слично, без воопшто да се наруши она што го прават пензионерите. Овие податоци преку апликации се испраќаат и анализирааат, а сѐ ова мора да биде безбедно и доверливо.

Компаниите ќе се обидат преку заедничка соработка и анализа на потребите на повозрасните корисници да помогнат со медицинските преносни уреди. Она што го регистрираа како прв проблем е батеријата. За посериозен влез на здравствени преносни уреди ќе мора да се обезбеди батерија која ќе трае барем една година. Друга потреба е едноставното поврзување, ова ќе овозможи и едноставно користење на уредите. Конечно, можноста за користење без дополнителни кориснички профили ќе овозможи секој корисник без никаков дополнителен напор да ги користи сите придобивки.

Двете компании заедно го интегрираа Garmin Vivofit 3 преносниот уред со TactioRPM платформата. Со овие уреди корисникот ќе имаат можност за мониторинг на здравствената состојба преку еден, единствен уред.

„Нашите корисници од 70, 80 и 90 години ни помагаат да ги сфатиме нивните потреби и проблемите со mHealth подобро. Нашата постојана потрага за подобро решение ја креираше оваа подлабока интеграција на Garmin vivofit 3 со апликациите на нашите пациенти“, веку Мајкл Надо од Tactio.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии