Garmin претстави уред кој ја претвара шофершајбната во транспарентен GPS дисплеј

Garmin претстави нов уред кој наместо на екран, ја прикажува GPS навигацијата на шофершајбната. Уредот наречен HUD (heads-up display) проектира слика директно на транспарентна лепенка на стаклото. Според Garmin, HUD ќе го олесни возењето бидејќи ја проектира сликата во видното поле на возачот без да му засмета да гледа што се наоѓа пред него на патот.

Уредот ги води возачите со глас и со визуелни информации, прикажувајќи стрелки и далечина до следното вртење, моменталната брзина, ограничувањата на брзина и колку време има останато до конечната дестинација. Но, за да се користи HUD, ќе треба да е поврзан со паметен телефон кој поддржува Bluetooth, и на кој има инсталирано Garmin StreetPilot1 или Garmin Navigon апликација. Интересно, уредот доаѓа со 12V кабел за полнење и USB порт за полнење на паметниот телефон, што е добра опција за подолги патувања кои можат да го исцедат телефонот.

HUD ќе се појави летово по цена од 130 долари. Во цената е вклучена и транспарентната лента која се лепи на шофершајбната, но, ќе мора да додадете уште 30 долари за да ги купите апликациите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии