GandCrab е првиот ransomware кој напаѓа постари оперативни системи

По сѐ изгледа, и корисниците кои работат на постари оперативни системи, како Windows XP не би требало да ja потценуваат моќната експанзија на ransomware-от. Од неодамна, експертите од полето на безбедноста почнаа да се удираат во гради како го имаат идентификувано првиот ransomware кој успеал да инфицира Windows XP, или други постари оперативни системи кои повеќе не се поддржани од Microsoft.

Најновата 4.1. верзија на GandCrab за прв пат беше забележана во јануари, а од тогаш наваму релативно лесно и успешно ги заклучува фајловите на компјутерите со инсталирани Window оперативни системи, како XP, или Vista. До тој момент, останатите ransomware не можеа да ги заклучат фајловите на компјутерите со постарите системи и да бараат пари за нивно отклучување и се задоволува со план Б, а тоа е да се загрози стабилноста на оперативниот систем.

GandCrab е далеку од софистицирано парче софтвер. Експертите објаснуваат дека не се употребува од терористички или меѓународни организации туку од опортунистички хакери кои гледаат да зграпчат пари набрзинка. И тоа не малку пари. Во само првите два месеци, GangCrab има украдено 600 000 долари од жртвите низ Америка, Британија, и Скандинавија.

GandCrab се шири преку и-мејлови и хакнати сајтови кои нудат преземање различен софтвер. Во спречување на ширењето на оваа штеточина, може да послужи кое било антивирусно решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии