ИТ настан: Гоблин организира Gaming Extravaganza!

Од 12 до 18 април, во склоп на Саемот на книгата, Гоблин друштвени игри ни подготвува ново изненадување – Gaming Extravaganza. Покрај турнирите и презентациите на настанот ќе има и гости, а повторно ќе биде презентирана македонската игра за табла Cavern Tavern. Специјален гостин ќе биде илустраторот Тхе Мичо, кој помогна во креација на повеќе игри.

Најавени се неколку турнири и презентации во: Yu-Gi-Oh!, X-Wing Miniature, Warhammer Miniature, Magic:The Gathering и се разбира Cavern Tavern. Настаните секој ден започнуваат во 17:00, а преку викендот настаните ќе започнат во 10 часот. Но, забавата не завршува тука, па најавени се и натпревари во редење сложувалки, а сигурно ќе има и куп други можности за дружење и забава. За последниот ден е најавен уште еден, четврти Hearthstone турнир. Со оглед на капацитетот и бројот на маси, турнирот ќе биде со ограничен број на корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии