GamersGate ја започнаа нивната летна распродажба

Според најновите гласини, Valve се има изјаснето до сите Steamworks девелопери дека нивната голема распродажба започнува од 22.јуни и трае сè до 5.јули. Останатите продавници, пак, се трудат да го привлечат вниманието на купувачите и со нивни подеднакво привлечни зделки на игри, пред и по Steam распродажбата.  Па така, GOG го започна првиот бран од распродажби, а транзицијата од таквиот подвиг ја одвлечка во дворот на GamersGate.

Продавницата  зад која стојат издавачите Paradox е во фаза на распродажба на бројни игри со исклучително длабоки попусти. За детален увид во сите понуди, кликнете на копчето offers и подредете ги насловите според најдобра цена/ попуст или популарност.

Категоријата 1 долар или помалку би можела да ве изненади со неколку скриени хитови

Во случај да не ви се допаѓаат моментните понуди, од кои би ги истакнале најпопуларните серијали на Ubisoft, GamersGate ветуваат многу нови на секои три-четири дена, така да дефинитивно навраќајте од време на време.

Со секоја купена игра, добивате одреден процент плави парички – дигитална валута на GamersGate со која можете да купувате други игри. Плави парички добивате и со оценување игра, пишување рецензија или одговарање на прашање во нивниот оддел Game Tutor. Разбирливо, на ваков начин не добивате многу парички, но по извесно време количината се зголемува и со мало влијание можете да си „купите“ игра. Исто така, продавницата моментно ужива промоција со која ви дозволува дополнителни попусти до 15% доколку ги купувате игрите со Razer zGold!

Играта Killing Floor 2 има историски најниска цена на GamersGate!

Распродажбата напаѓа денес, од 19:00 часот!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии