Game Developers Conference во потполно дигитално издание во август

Пред некое време пишувавме за Game Developers Conference (GDC) 2020, и за фактот дека истата е одложена поради ситуацијата со коронавирусот COVID-19. Организаторите на конференцијата ги пренасочија ресурсите на GDC Summer настанот, кој ќе се одржи во август. И покрај фактот што постои надеж да се смират работите и настанот да може да се одржи како што истиот беше првично планиран, организаторите сепак одлучија истиот да се одржи во дигитално издание.

GDC 2020 е далеку од единствениот настан кој годинава ќе се одржи во дигитално издание – уште еден пример е Gamescom, а ги има и многу други. Пандемијата која е на светско ниво ќе влијае врз ваквите случувања кои се планирани за остатокот на годинава.

“Иако едвај го чекаме моментот кога ќе можат да се остварат средби лице в лице, продолжуваме со планот да го трансформираме GDC Summer во целосно дигитален настан, со цел да и служиме на заедницата”, велат организаторите.

“Огромен број на студија и развивачи на игри се префрлаат на работење на далечина и онлајн соработка, што не инспирира да ја адаптираме конференцијата и да ја доставиме истата во дигитален формат кој ќе е достапен за било кој што има интернет конекција. Ќе работиме напорно за содржината да е квалитетна, и да не ги изоставиме можностите за вмрежување кои се очекуваат на ваков настан.”

Иако во моментов нема информации за детали и за план за настанот, се очекува голем број од учесниците кои беа планирани за GDC сепак да одржат барем дел од панелите и дискусиите кои беа во план.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии