Passionate fur petters. Вака Дамјан Цветков-Димитров ми ги објасни играчите кои сакаат да ја играат неговата нова iOS игра, која ја дизајнираше со неговата сопруга Нина Геометриева. Можеби парот ви е познат по нивната претходна игра UUUU која беше една од најкреативните мобилни игри што сум ги играл. И ако ја познавате нивната работа, дали како фотографи на инспиративнaта Азија, или како креативни дизајнери кои разговараат со Adobe, тогаш ќе очекувате да ја направат најдобрата игра за галење крзно до сега!

I Love Fur e луда игра, која најдобро ја опишува нејзиниот креатор. Со зборовите на Дамјан, I Love Fur „не е само игра, таа нуди искуство“. Таа ви нуди да го погалите екранот на телефонот кој изгледа како крзно на биполарна мечка, или како скалеста кожа на змеј кој мрази огин.

IMG_3904

Секое од животните си има своја уникатна и забавна приказна, што го прави галењето уште поинтимно. Интимноста со животното беше идејата на Дамјан и Нина уште на почеток. „Сакавме да можеш да се спријателуваш со крзната, да развиеш однос, и да можеш да им бидеш пријател ако ги чешкаш доволно долго“, вели Дамјан.

Идејата беше да направат игра со крзна, иако размислуваа и за алтернативи, како игра да чуваш миленичиња, но по „тон муабети“ им се вратија на крзната. Тоа во што секогаш беа сигурни беше дека ќе прават игра, и до некаде успеаја да направат фантастична игра, но која има краток крај. Ќе ви требаат минути да ги отклучите достапните крзна, иако Дамјан вели дека ќе има нови текстури да се купат и кои ќе бидат потешки за отклучување. „Првите текстури се ставени само да ја почуствуваш механиката на играта“, вели тој. И можеби да си го смириш фетишот за галење.

1 коментар на “Галење крзно е искуство и нова македонска игра

  1. Kakva igra kakvo iskustvo be, so vakvi debilni idei tesko na omladinava nasa.
    Da galis ekran???? Nema pojako…
    Sovet: Menjajte profesija, po moznost neso so ima vrska so lopata, motika, sekira itn.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии