Galaxy Z Fold3 5G и Z Flip3 5G пристигнаа во Македонија

IT.mk редакција

во Мобилни

Двата нови популарни телефони на Samsung – Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G пристигнаа во Македонија. Малопродажната препорачана цена на телефонот Galaxy Z Fold3 5G е 107.999 денари, а Galaxy Z Flip3 5G се продава по цена од 61.499 денари.

„Дали добро, е доволно добро? Нашите корисници знаат дека компанијата Samsung има мисија да го направи нивниот свет поубав, поудобен, поблизок од кога било досега. Затоа нашиот одговор е дека секогаш можеме подобро и тоа успеваме да го постигнеме преку континуиран процес на иновации. Иновациите се клучот за нашиот глобален успех, неколку децении наназад. Новата генерација телефони секогаш предизвикува нови афинитети кај корисниците, а поврзувачката точка е секако премиум категоријата “, вели Павле Зобунџија, шеф на секторот за мобилни комуникации во Samsung Electronics Adriatic .

Покрај карактеристичниот дизајн, издржливост и оптимизирано искуство на преклоп, двата телефони им нудат на корисниците уникатни начини за работа, гледање и забава. За прв пат на паметен телефон на преклоп, Galaxy Z Fold3 и Z Flip3 го носат водоотпорниот стандард IPX8 [4]. Изработени се од новиот материјал Armor Aluminium, најтрајната алуминиумска футрола досега на паметниот телефон Galaxy. Екранот е покриен се со Corning Gorilla® Glass Victus заштитно стакло кое ги штити од гребнатини и падови. Дополнително, внатрешните екрани на паметните телефони Galaxy Z Flip3 и Z Fold3 се обложени со еластична ПЕТ обвивка, што ги прави 80% потрајни. Промената на заштитата на дисплејот на овој уред секако е добредојдена откако минатата серија имаше проблеми со издржливоста на екранот на преклопување.

Galaxy Z Fold3

Galaxy Z Fold3 доаѓа со 7,6-инчниот Infinity Flex Display зад кој е скриена предната камерата. Брзина на освежување (refresh) од 120 Hz, овозможува „мазно“ корисничко искуство на предните и главните екрани.

Корисниците истовремено можат да пишуваат белешки, да организираат видео повици или да читаат пораки. За прв пат во серијата паметни телефони Galaxy Z, S Pen е компатибилен со Galaxy Z Fold3 и обезбедува повеќе опции за продуктивност и креативност.

Galaxy Z Flip3

Дури и кога е преклопен, Galaxy Z Flip3 може да се користи за фотографирање, за слушање музика или за читање пораки на надворешниот екран од 1,9 инчи. Тука се прикажуваат сите известувања од социјалните мрежи, бројот на поминати чекори во денот, и други корисни информации. Главниот екран кога е отворен е 6,7-инчи и на него корисниците можат да гледаат филмови, серии или видеа од социјалните мрежи. Ако во меѓувреме стаса некоја порака, корисникот може да го подели екранот и да заврши повеќе работи истовремено.

Kaмерата на Galaxy Z Flip3 со Flex Mode начинот на работа им овозможува на корисниците да направат подобри портрети, селфи фотографии или видеа без користење раце. Исто така, овој паметен телефон може да се интегрира со опциите што ги нудат новите паметни часовници Galaxy Watch4 или Galaxy Watch 4 Classic.

Што е ново во светот нa преносните уреди

Слушалките Samsung Galaxy Buds2, се и полесните, и помалите од своите претходници. Опремени се со динамични двонасочни звучници, кои овозможуваат остри и јасни високи и бас ноти, додека функцијата за отстранување на бучавата во позадина – Active Noise Cancellation, ja намалува бучавата на околина. Слушалките Galaxy Buds2 ќе бидат достапни по препорачана малопродажна цена од 9.999 денари.

Новите паметни часовници Galaxy Watch4 и Galaxy Watch 4 Classic се со потенки куќишта од претходната генерација, поради што совршено ќе се вклопат во секоја модна комбинација.

Паметните часовници Galaxy Watch 4 ќе бидат достапни за: моделот Galaxy Watch 4 Classic 46mm се нуди од 23.999 денари; Galaxy Watch 4 Classic 42mm е достапен по цена од 20.999 денари; Galaxy Watch 4 44mm е 18.399 денари; додека Galaxy Watch 4 40мм достапен по цена од 16.599 денари.

Повеќе информации за часовниците погледнете на https://www.samsung.com/mk/watches/all-watches/?galaxy-watch+galaxy-watch-active/

Повеќе информации за Galaxy Z Fold3 телефонот можете да погледнете на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold3-5g/ a за Z Flip3 моделот, на линкот  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip3-5g/

1 коментар на “Galaxy Z Fold3 5G и Z Flip3 5G пристигнаа во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии