Galaxy S9 и S9+ со нови AR анимации

Samsung и Disney ќе ги оживеат омилените ликови од цртаните во форма на AR емоџи (AR emojis). За жал, оние кои што ќе сакаат ќе можат да ги користат стикерите само преку камерите на Galaxy S9 и Galaxy S9+.

“Со поставувањето на нашите ликови и приказни за новата дигитална платформа, создаваме секојдневно доживување на Дизни светот, на било кое место каде што се наоѓа нашата публика. Ова ни овозможува да привлечеме нови генерации на обожаватели. Дизни “АР емоџи“ – пиктографите за изменета реалност нудат иновативен пристап до содржините за Самсунг Галакси С9 и С9+ и еден забавен начин да внесете малку магија во испраќањето на пораки.“ – изјави Џон Лав од Дизни.

“Во светот секојдневно се испраќаат повеќе од шест милијарди пиктографи за изменета реалност. Со развојот на “АР емоџи“ сакаме да обезбедиме, забавен и возбудлив начин на комуникација и нов начин на оживување на анимираните слики. Знаевме дека Дизни, како креатор на некои од омилените ликови низ историјата, е најдобар партнер за овојнаш подфат. Поради тоа, сакавме нашите “АР емоџи“ да станат најсреќните лица на овој свет и да им овозможиме на нашите корисници пристап до најпопуларните ликови кои сега можат да ги споделуваат преку различни платформи.“ – изјави Јунгхи Ли од Самсунг Електроникс.

Пиктографите за изменета реалност – “АР емоџи“, во рамки на Самсунг Галакси С9 и С9+, ќе им овозможува на корисниците да креираат забавни пораки кои можат во потполност да ги прилагодат по своја желба и да им ги испратат на пријателите. Тие користат технологија на длабоко учење и препознавање на ликовите, преку која се мапираат повеќе од 100 фацијални црти за секој лик. На овој начин, се креира тродимензионална реплика, овозможувајќи им на корисниците да создаваат забавни, уникатни пораки испратени до своите пријатели. Пиктографите за изменета реалност нудат осумнаесет фабрички поставени “налепници“ (“stikers“) во стандарден “AGIF“ формат, кој може да се споделува со секого, без оглед на тоа каков паметен телефон  има примачот на пораката.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии