Galaxy S10 е супер телефон, но отклучувањето со ликот е далеку од безбедно

Фотографии и членови на семејството имаат доволно сличности да го излажат сензорот на Galaxy S10. Телефонот кој без сомневање е еден од најдобрите, ако не и најдобар Android телефон во моментов сепак не треба да го отклучувате со ликот.

Телефонот го отклучиja Verge, Unbox Therapy и AndroidWorld.it. Веројатно најпоразителен е начинот на кој AndroidWorld.it го отклучи телефонот со помош на фотографија (второто видео). Samsung и самиот ги предупредува корисниците дека камерата е небезбедна и подобро е корисникот за заклучување да го користи читачот на отпечатоци.

Причината за едноставното лажење на сензорот е што телефонот нема специјален сензор за отчитување на ликот, туку ја користи предната камера. Предната камера нема 3д сензор или начин за прецизно да детектира форма на ликот, па 2Д-слики се доволни да се отклучи телефонот.

Интересно, но Samsung до оваа верзија на телефонот користеше специјален сензор за читање на лицето. Овој сензор беше дел од Galaxy S8, Note 8, S9, и Note 9 , но Samsung го отстрани од Galaxy S10, потсетува ArsTechnica. Претходниот сензор имаше IR LED и дополнителна предна камера што го правеше сензорот попрецизен.

Зошто Samsung го отстрани стариот сензор засега е непознато. Можеби производителот немал доволно простор, па одлучиле да го отстранат или можеби праксата покажала дека сензорот не се користи доволно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии